Средба меѓу Претседателката на Основниот суд во Битола и ВД Директорот на КПУ Затвор Битола
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Средба меѓу Претседателката на Основниот суд во Битола и ВД Директорот на КПУ Затвор Битола
На 30.10.2024, Претседателката на Основниот суд во Битола, м-р Татјана Петровска, оствари средба со ВД Директорот на КПУ Затвор Битола, Г-дин Александар Јовковски и запиведникот Г-дин Зоран Бошевски, по однос на исполнетоста на капацитетот на легла во КПУ Затвор Битола, поради што не се во можност да вршат прием на нови осудени лице. Од страна на судот се превземаат на дејствија за надминување на проблемот кој се јавува по однос на издржување на казната затвор на осудените лице.
Основниот суд во Битола ќе се изготви ПРИОРИТЕТНА ЛИСТА на осудени лица на кои за краток рок им застарува извршувањето на казната затвор, а за кои ќе се изготвува и наредба за нивно приведување и спровод до КПУ Затвор Битола, за издржување на казната затвор изречена со правосилна и извршна пресуда.