Соопштение до јавноста
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение до јавноста
Советот за оцена на обвинителниот акт, постапувајќи по обвинението КО.бр.369/25 од 08.10.2025 година, поднесено на 09.10.2025 година, против едно лице за дејствијата од точка I за кривично дело „Бегство на лице лишено од слобода“ од член 371 од Кривичниот законик и за дејствијата од точка II и III за продолжено кривично дело „Разбојништво“ од член 237 став 1 во врска со член 45 став 1 и став 2 од Кривичниот законик , го одобри во целост.
По вака одобрениот обвинителен акт против едно лице ќе се формира кривично – правен предмет кој согласно АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај совет од член 25 став 1 од Законот за кривичната постапка, за што ќе биде насрочен термин за главна расправа, истиот ќе биде достапен на календарот за судења на веб страната на судот.
Со почит Основен суд Битола.