Најчесто поставувани прашања [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Најчесто поставувани прашања

1.  Дали имам право на надомест на моите трошоци како сведок?   Одговор

Сведокот има право на надоместок на патните трошоци, на трошоците за исхрана, ноќевање, како и надоместок за загубена заработувачка. Надоместокот сведокот треба да го побара веднаш по сослушувањето, инаку го губи таквото право. За надоместокот за денгубата, сведокот треба да положи доказ за изгубена заработувачка.

2.  Каде може да сведочам?   Одговор

Постои општа граѓанска и законска должност за граѓаните да сведочат. Лице што ќе се повика како сведок должно е да се јави на поканата и да сведочи. Сослушување на сведоци е еден од доказите кои се изведуваат во сите судски постапки. Меѓутоа судот не е единственото место каде може сведокот да даде изјава. Сведоците, кои поради старост, болест или тешки телесни мани не можат да одговорат на поканата од судот, ќе се сослушаат во својот стан, односно во местото каде се наоѓаат (болница).

3.  Дали сум заштитен како сведок?   Одговор

Сведокот ужива подеднакава безбедност во судската зграда, како и сите странки и вработените во судот. Заштитен сведок, значи да се биде лице кое поседува информации значајни за кривичната посатпка, чиј живот, здравје, слобода и имот се изложени на опасност и кое е вклучено во програмата за заштита на сведоци. Во текот на постапката, кога постои опасност од заплашување, закана со одмазда или опасност по животот или физичкиот интегритетна сведокот, јавниот обвинител, односно истражниот судија или претседателот на советот преземаат мерки и активности за ефикасна заштита на сведокот. Програмата за заштита на сведоци подразбира: - Чување во тајност на идентитеот на сведокот, - Обезбедување на лична заштита, - Промена на живеалиштето, односно престојувалиштето, - Промена на идентитетот

4.  Како да се провери во кој стадиум е постапката?   Одговор

Странките можат да се обратат на судската администрација во текот на целото работно време во судската зграда , судската писарница. Времето за работата со странки не може да биде пократко од 5 часа и се објавува на влезот на работната просторија. Сите потребни информации се добиваат во одделенијата на кои се однесува конкретното барање (кривичен, грагански) и отсеците во секое одделение. За да ја олесните работата на судската администрација и за да добиете точна информација треба да имате основни податоци за она што го барате( број на предмет, основ, странки). Во судската писарница се водат уписници и помошни книги, одделно според видот на предметите. Од уписниците може во секое време да се утврди каде и во кој стадиум на постапката се наога предметот. Известувања можат да се даваат и по телефон и писмено на трошок на странката која ги бара. Други известувања за состојбата на предметите можат да се даваат само на лица овластени да ги разгледуваат списите. Објаснувања за правилноста на судските дејствија, одлуките како и евентуалното искажување за исходот на спорот не се дозволени.

5.  Рехабилитација (бришење на правните последици од осудата)   Одговор

Важно: Рехабилитираното лице се смета за неосудувано, а податоците за бришаната осуда не се даваат никому. Рехабилитацијата значи предвремен престанок на казните {то се состојат во забрани (кои се изречени во судска одлука) и на казната протерување на странец од земјата и правните последици од осудата и бри{ење на осудата од казнена евиденција (која се води во секој суд). Рехабилитацијата може да настане по сила на закон (законска рехабилитација) и врз основа на судска одлука (судска рехабилитација). 1. Законска рехабилитација Условите под кои се добива рехабилитација по законски пат се следни: -за изречена алтернативна мерка во рок од 1 година од денот на правосилноста на судската одлука доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело; - Условната осуда се брише по една година откако ќе помине периодот за провека доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело; - Осудата парична казна и казната забрана за управување со моторно возило, изречена како единствена казна се брише по 3 години од денот на извршената застарената или простената казна доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело; - Осудите на затвор до 3 години и малолетнички затвор, се бри{ат по 5 години од денот на извршената застарената или простената казна доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело; - повеќе осуди на едно лице се бришат само истовремено и тоа ако постојат услови за бришење на секоја од тие осуди. 2. Судска рехабилитација Лицето кое сака да биде рехабилитирано по пат на судска рехабилитација мора да поднесе до судот молба за брисење на правните последици од осудата во која треба да ги наведе: - своите генералии, - бројот на пресудата со која е осуден - видот на казната која му е изречена и - висината на казната која му е изречена. Условите под кои се добива рехабилитација по судски пат се следни: - По протекот на 3 години од денот на издржаната, застарената или простената казна, судот може да определи да престанат правните последици од осудата што се однесува на забрана на стекнување на определени права - - По протекот на една година од денот на примена на казната забрана за вршење одделна дејност на правно лице, судот мозе да одлучi забраната да престане - По протекот на 3 години од од денот на применувањњето на казната забрана за вр{ење на професија, дејност или должност и забрана за управување со моторно возило и времено протерување на странец од земјата како и казната трајна забрана за вршење дејност на правното лице, судот може да одлучи да престанат - Судот може на молба на осудениот да одлучи да се брише од казнена евиденција осудата на затвор: 1. од 3 години до 5 години во рок од 5 години од денот на издржаната застарената или простената казна доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело; 2. од 5 години до 10 години во рок од 10 години од денот на изджаната застарената или простената казна доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело; 3. од 10 години до 15 години во рок од 15 години од денот на изджаната застарената или простената казна доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело; 4. од 20 години во рок од 20 години од денот на изджаната застарената или простената казна доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело; Казната се брише откако судот ке донесе решение за бришење на правните последици од осудата.

Прва<1>Последна


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести


Сите вести