Известување во врска со препораките за ефикасна заштеда на електрична енергија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Известување во врска со препораките за ефикасна заштеда на електрична енергија

Известувања  |  30.9.2022
Согласно препораките за ефикасна заштеда на електрична енергија до 15% усвоени од Владата на Република Северна Македонија на 69-та седница, во период од 01-ви Септември 2022 година до 30 Март 2023 година сите вработени во Основен суд Гевгелија се задолжуваат: 1.Клима уредите да не се користат за загревање на просториите во зимскиот период. 2. Да не се употребуваат греалки за затоплување на просториите. 3. Да се исклучува струјата секогаш кога се напушта просторијата ( канцеларија, судница, друга просторија) и кога има дневна светлина. 4. Да се исклучуваат компјутерите и принтерите секогаш кога не се работи со истите. 5. Печатење на материјалите да се врши само колку се потребни. За лице кое ќе се грижи за потрошувачката на енергија во Основен суд Гевгелија се определува Димитар Јованов, кој се задолжува во перод од од 30.09.2022 година до 30 Март 2023 година секојдневно да го следи и да презема соодветни дејствија заради почитување на наведените мерки и за истото еднаш неделно да доставува писмен извештај до Претседателот на судот. Ова известување да се постави на огласна табла на судот и со содржината на истото одговорното лице наведено како погоре да ги запознае сите вработени во Основен суд Гевгелија. Претседател на судот Марица Аврамчева Зафирова
   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_