Јавен оглас бр.1/22
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Јавен оглас бр.1/22
Јавен оглас за вработување на судски службеници на определено време
Основен суд Кичево, врз основа на чл.18 ст.1 ал.2 и ст.6 од Законот за судска служба (Сл.весник на РМ бр.43/14, 33/15, 98/15, 6/16, 198/18 и 248/18) в.в.чл.22 и чл.23 од Законот за работни односи, и Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Основен суд Кичево, на ден 13.01.2022 година објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС бр.1/22
1.За вработување на судски службеници и работник на определено време до 31.12.2022 година за следните работни места:
1. Судски референт -дактилограф 4 (четири) извршители
Посебни услови -потребни стручни кавалификации и компетенции:
- најмалку средно или вишо образование
- најмалку една година работно искуство во струката
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, како и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ (англиски, француски, германски).
Платата на судскиот службеник ќе изнесува 16.446,00 денари
- Работни часа – 40 неделно
- Работни денови : од понеделник до петок
- Работно време од 07.30 до 15.30 часот
2. Помлад судски референт-доставувач 1 (еден) извршител
Посебни услови -потребни стручни кавалификации и компетенции:
- најмалку средно или вишо образование
- со или без работно искуство во струката
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ (англиски, француски, германски).
Платата на судскиот службеник ќе изнесува 15.900,00 денари
- Работни часа – 40 неделно
- Работни денови: од понеделник до петок
- Работно време од 07,30 до 15.30 часот
3. Помлад судски референт-извршител во писарница 4 (четири) извршители
Посебни услови -потребни стручни кавалификации и компетенции:
- најмалку средно или вишо образование
- со или без работно искуство во струката
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ (англиски, француски, германски).
Платата на судскиот службеник ќе изнесува 15.900,00 денари
- Работни часа – 40 неделно
- Работни денови: од понеделник до петок
- Работно време од 07,30 до 15.30 часот
4.Курир -1 (еден) извршител
Потребна стручна подготовка:
- средно или основно образование
- со или без работно искуство
Платата на работникот ќе изнесува 15.194,00 денари
- Работни часа – 40 неделно
- Работни денови: од понеделник до петок
- Работно време од 07,30 до 15.30 часот
Покрај посебните услови, кандидатите за секое од работните места потребно е да ги исполнуваат и следните општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија
- да е полнолетен
- активно да го користи македонскиот јазик
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Кандидатите се должни да поднесат Пријава за вработување на судски службеник која можат да ја подигнат од архивата или веб-страната на судот www.oskicevo.mk
Рокот за пријавување трае 5 работни дена по денот на последното објавување во дневен весник (не сметајќи го денот на објавување).
Пополнетата пријава во целост и со точни податоци, заедно со доказите за исполнување на општите и посебните услови кандидатите се должни да ги доставaт преку приемната писарница на судот или преку пошта со назнака “за Оглас бр.1/22“, на следната адреса: Основен суд Кичево, ул.„Булевар ослободување“ бр.17 Кичево
Ненавремена, нецелосна и неуредно пoполнета пријава нема да биде предмет на разгледување.
Изборот ќе се изврши најдоцна во рок од 15 дена по истекот на рокот за пријавување.
` ОСНОВЕН СУД КИЧЕВО
Пријава за вработување на судски службеник