Општи податоци (надлежности и историјат) [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Општи податоци (надлежности и историјат)

ОСНОВЕН СУД КРАТОВО - НАДЛЕЖНОСТИ
Надлежност
а) Стварна надлежност

Основниот суд во Кратово е првостепен суд со основна надлежност за подрачјата за кои е основан, и надлежен е да одлучува во прв степен по кривични дела и прекршоци, и тоа:
- за кривични дела за кои со закон како главна казна е определена казна затвор до пет години, ако за некои кривични дела не е предвидена надлежност на друг суд,
- за кривични дела за кои со посебен закон е определена надлежност на суд со основна надлежност,
- да спроведуваат истрага или истражни дејствија за кривични дела од својата надлежност,
- за сите видови на прекршоци, освен за прекршоци кои со закон се ставени во надлежност на орган на државна управа или организација или друг орган што врши јавни овластувања и
- за жалби и приговори за постапките за кои се надлежни овие судови.
Основниот суд во Кратово е надлежен да одлучува во прв степен по граѓански спорови, и тоа:
- за спорови во имотно – правните и други граѓанско – правни односи на физички и правни лица, чија вредност е до 15.000 евра во денарска противвредност, доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд,
- за спорови за утврдување и оспорување на татковство, мајчинство, утврдување на постоење на брак, за поништување на брак и развод на брак,
- за законска издршка,
- за чување и воспитување на деца,
- за смеќавање на владение,
- за доживотна издршка,
- за надоместок на штета која не надминува 15.000 евра во денарска противвредност,
- во постапка за обезбедување и извршување,
- за работни односи,
- во спорови за наследно – правни односи,
- во вонпарнични и оставински работи,
- да водат тапии и
- други работи утврдени со закон.

б) Месна надлежност

Основниот суд во Кратово се оснива за подрачјето на општината Кратово

 

----------------------------------------------------------------------------------------

Историјат

Историјат
Формирањето на првите редовни цивилни судови во Македонија започнува со донесувањето на Одлуката на второто заседание на АСНОМ од 2-ри Август 1944 година.

Со ова одлука се формираат судски органи , поверенства за судство , судски оддели при Народноослободителни одбори и утврдуваат нивните задачи .На 20 Октомври 1944 година е донесено Решение на Президиумот на АСНОМ во кое со точка 12 се предвидува дека до целосното уредување на правосудството во Македонија , судењата ќе се вршат во рамките на Народноослободителните одбори .За разлика од револуционерните судови - судовите на партизанските одреди , во овој период се јавуваат како специфичен вид на правосудни органи , хибриден вид на правосудни органи кои иако формирани од НОВ на Македонија , сепак се карактеристични по две нешта и тоа прв пат станува збор за правосудни органи засновани со акт на законодавно тело и органи кои се одвоени од воената структура доминантна како таква во сите свери на живеењето во тој период .Сeкој од овие судски оддели бил составен од прочелници,секретар и неопходен персонал .Судењата ги спроведувал совет од 5 члена избрани од територијата на округот .Судиите во советот многу често немале содветно образование , но по правило , секретарот на секој судски одбор бил правник именуван од Президиумот на АСНОМ .
Делокругот на работата на овие судови сообразувал со времето во кое се формирани па така најголемиот дел на случаевите што ги решавале биле поврзани со казнување на сторителите на разни злосторства против народот , казнување на шпионите и соработниците на окупаторот , нарушување на воената дисциплина во редовите на НОВ како и зачувување на придобивките на револуцијата а многу поретко заштита на имотот на граѓаните и нивните меѓусебни спорови.
Судовите во Република Македонија меѓу кои и Основниот суд Кратово се основани со Повелба на Президиумот на АСНОМ за устројство на редовните судови во Македонија од 31.03.1945 година .Ова Повелба преставува нов законодавен акт на првиот законодавен орган создаден во текот на Народноослободителната борба , со кој се утврди постоењето на 25 општински судови , три обласни суда и Врховниот суд на Македонија .Ова повелба преставува најзначаен законодавен акт со кој сe удрија темелите на судството во Р. Македонија.

Според уставот на СФРЈ од 1963 година , судскиот систем го сочинуваат судови од општа надлежност ( во кои спаѓат и општинските судови ) и специјализирани судови .Основниот закон за судовите од општа надлежност ги даде основните решенија за уредувањето и организацијата на судовите од општа надлежност, одредувајки дека основањето , укинувањето , подрачјето како и седиштето на судовите во републиките се уредуваат со републички закон .Врз основа на ова овластување , во 1965 година во Социјалистичка Република Македонија е донесен Законот за подрачјето на општинските и окружните судови од општа надлежност во СР Македонија .
Според овој закон во СР Македонија постојат 25 општински судови меѓу кои и Општинскиот суд во Кратово.

Со Уставните реформи во 1974 година судската функција е доверена на редовните судови како органи на државна власт , и на самоуправните судови .Општинскиот суд Кратово продолжил да функционира како редовен суд а согласно Законот за редовни судови , член 49 и чл.7 се определуваат општинските и окружните судови со нивните седишта и територијалната надлежност на секој однив .Во таа смила Општинскиот суд Кратово како редовен суд финкционирал за подрачјето на Општината Кратово.

Почетоците на Општинскиот суд Кратово низ историјата под различни имиња во пишаните стари документи се споменува уште во времето на Отоманската империја а од поновата историја датира од 1945 година кој истиот постојано работел во сопствена судска зграда која порано била стара а потоа била изградена нова современа судска зграда во која е сместен и денеска.
Согласно законската регулатира до почетокот на 1990 година функционирал посебен суд за прекршоци на територијата на Општина Кратово но со донесувањето на Законот за судовите во 1995 година споровите во ова област поминуват во рамките на надлежностите на ново основаните судови и тоа на Основниот суд Кратово.

-------------------------------------------------------------------------------------------------------------

 

Внатрешна организација

 

Структура на судска зграда
Подрумски дел:

Во подрумскиот дел од судската зграда е сместена архивата на судов од сите области како и постројките за парното греење и една просторија за прием и прифат наслужбенилица вослучаи кога ќе приведуваат лица од притвор за судење.

Приземје:

Во приземјето се сместени судската полиција , телефонската централа , доставната служба , шалтерската служба , приемното одделение , водителот на граѓанското одделение , судските писарници и тоа отсек за прием и експедиција , истражен отсек , кривичен отсек ,граѓански отсек ,вонпроцесен отсек.

I КАТ
На 1-от кат се сместени 1 до 3 судски сали и информативниот центар.

II КАТ
На 2-от кат се сместени 1 до 3 судски кабинети , кабинетот на Претседателот на судот и Приемното одделение кај Претседателот на судот.

III КАТ
На 3-от кат се сместени 1 судски кабинет, сметководство ,стручни соработници , благајник - домаќин и магацински простор.

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести


Сите вести