Јавен оглас број 1/2023 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас број 1/2023

Новости  |  01.12.2023

Врз основа на чл.20, чл.25, чл.26 од Законот за судска служба (Службен весник на РМ бр.43/2014, 33/2015, 98/2015, 198/2018, 248/18 и 235/22) , Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција на испитите, проверка на веродостојноста на докази и интервјуто, како и на начинот на нивно бодување и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работни места како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници (Сл.весник на РМ бр.236/2018) и Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Основен суд Крушево, Су.бр.04-8/15 од 03.04.2015 година, Основниот суд Крушево на ден 01.12.2023 година објавува:

 

ЈАВЕН  ОГЛАС бр.1/2023

За вработување на судски службеник на неопределено време на 1 (едно) лице

  1.  Помлад судски соработник категорија В, ниво В-4, шифра на работно место

           СУД0101В04001 -1 (еден) извршител

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови, потребни стручни квалификации и компетенции:

- Образование: најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен правен факултет,  

        - Работно искуство:  со или без искуство во струката

- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици во Европската унија (англиски, француски и германски)

- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

- Други посебни работни компетенции утврдени со актот за систематизација на работните места за соодветното работно место

 

 

Покрај посебните услови, кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови за пополнување на работното место:

- да е државјанин на Република Северна Македонија (уверение не постаро од 6 месеци);

- активно  да го користи македонскиот јазик,

- да е полнолетен;

- да има општа здравствена способност за работното место (лекарско не постаро од 6 месеци);

- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност (уверение  не постаро од 6 месеци);

            Работни часа - 40 неделно

            Работни денови: од понеделник до петок

            Работно време од 07,30 до 15,30 часот

Основната плата за работното место изнесува 31.755,00 денари

 

НАПОМЕНА: Предвиденото вработување согласно годишниот план на институцијата за 2023 год. е  Македонец(ка).

Пријавата за вработувањe може да се подигнe на приемна писарница во судот или на веб-

страната на судот: www.oskrusevo.mk

Кон пријавата, кандидатите да ги приложат следните докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место, како и доказ за исполнување на посебните работни компетенции и тоа:

  • Уверение/ Диплома за завршен степен на образование, во оригинал или заверено на нотар
  • Диплома, сертификат или уверение како доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, во оригинал или нотарски заверено,
  • Доказ за државјанство на Република Северна Македонија (не постар од 6 месеци)
  • Лекарско уверение за општа здравствена состојба за работното место (не постар од 6 месеци) и
  • Потврда дека со правосилна судска пресуда не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност и должност(не постар од 6 месеци).
  •  

НАПОМЕНА: Кандидатите за судски службеници  во постапката за вработување преку јавен оглас,  активното познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), ќе го докажуваат со полагање испит за судски службеник – дел за проверка на знаење на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски).  Во пријавата задолжително да се наведе кој странски јазик ќе се полага за проверка на знаење.

 

 Пополнета пријава со приложените докази за исполнување на општите и посебни услови за работното место во оригинал или копии заверени на нотар, се доставуваат во писмена форма преку приемната писарница на Основен суд Крушево  или преку пошта на адреса:

 

Основен суд Крушево,  ул „Илинденска“ бб,  Крушево

со назнака: ЗА ЈАВЕН ОГЛАС бр.1/2023

 

Ненавремените, нецелосно пополнети, неуредни и некомплетни пријави нема да се разгледуваат.

Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.

      Рокот за поднесување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена сметано од  денот на објавување на огласот во дневните весници.

Времето и датумот на одржување на административната селекција, испитот и интервјуто ќе бидат објавени на интернет страницата на Основен суд Крушево (www.oskrusevo.mk).

 

 

Основен суд Крушево 

ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СУДСКИ СЛУЖБЕНИК

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_