Јавен оглас 1/23 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас 1/23

Новости, Соопштенија за јавност  |  06.12.2023
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 1/23
ОСНОВЕН СУД КУМАНОВО
СУ-983/23
05.12.2023 година
К у м а н о в о
 
        Основен суд Куманово, врз основа на чл.22 и чл.23 од Законот за работни односи и Правилникот за систематизација на работните места во Основен суд Куманово  04-Су-394/18-2 од 07.12.2018 година и согласноста од  Министерство за финансии 18-11604/2 од 13.11.2023 година
 
            ОСНОВЕН СУД КУМАНОВО
            објавува
             ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 1/23

 

За вработување на 1 ( едно) лице на работно место возач на неопределено време
 
1.Возач -1 ( еден) работник
 
Посебни услови:
- ССС - четврти степен 
- возачка дозвола „Б“ категорија најмалку 1 година
- со или без работно искуство
Покрај наведените посебни услови, предвидени во Правилник за систематизација на работни места во Основен суд Куманово, кандидатот треба да ги исполнува и следниве општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работно место,
 и 
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност(од судот не постаро од 6 месеци),
 
Неделно работно време 40 часа,
Дневно работно време 8 часа, од 07.30 часот до 15.30 часот,
Основна нето плата 20.175,оо денари
Времетраење на работниот однос: неопределено
Кандидатите се должни да поднесат пријава за вработување и докази за исполнување на општите и посебните услови за работно место во оригинал или копија заверена кај нотар.
Пријавата, доказите, задолжително треба да содржи:име и презиме на кандидатот поткрепени  со доказ за лична идентификација, живеалиште, односно престојувалиште на кандидатот, е-маил адреса или контакт телефон.
Рокот за поднесување на Пријавите изнесува изнесува 5 ( пет) работни дена од денот на објавување на огласот во дневните весници ( несметајќи го денот на самото објавување).
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Пријавата со доказите, кандидатите се должни да ја достават непосредно во приемната писарница на судот, во работно време или по пошта на адреса Ул. „ 11 Октомври“ бб Куманово
 
Одлуката за избор на кандидати за работното место ќе се донесе најдоцна во рок од 15 дена по завршување на огласот.

 

                 ОСНОВЕН СУД КУМАНОВО
                 Ул. „ 11 Октомври“ бб Куманово
             (со назнака за Јавен оглас број -1/23)
 
Ненавремени ,нецелосни, неуредни и некомплетни Пријави нема да се разгледуваат.

 

 

ОСНОВЕН СУД КУМАНОВО

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_