ОДЛУКА ЗА ИЗБОР НА КАНДИДАТ ПО ОГЛАС бр.1/19 за РАБОТНО МЕСТО - ВИШ СУДСКИ РЕФЕРЕНТ БЛАГАЈНИК
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
ОДЛУКА ЗА ИЗБОР НА КАНДИДАТ ПО ОГЛАС бр.1/19 за РАБОТНО МЕСТО - ВИШ СУДСКИ РЕФЕРЕНТ БЛАГАЈНИК
Новости, Соопштенија за јавност
|
03.2.2020
ОДЛУКА ЗА ИЗБОР НА КАНДИДАТ ПО ОГЛАС бр.1/19 за РАБОТНО МЕСТО - ВИШ СУДСКИ РЕФЕРЕНТ БЛАГАЈНИК
OСНОВЕН СУД КУМАНОВО
Су-04-29/20
03.02.2020 год.
КУМАНОВО
Претседателот на Основен суд Куманово, Судијата Снежана Манев, врз основа на член 17 ст.1 и чл.36 од Законот за судска служба (Сл.весник бр.98/08, 150/10, 43/14, 33/15, 98/15, 198/18), по спроведената постапка по објавениот Јавен оглас бр.1/19, за вработување на судски службеник, за работно место „Виш судски референт-благајник“ еден (1) извршител, по доставениот Предлог за најдобро рангиран кандидат Су.бр.04-1364/19/3 од 31.01.2020 година, на Комисија за селекција за вработување, на 03.02.2020 година, ја донесе следната:
О Д Л У К А
За работно место „Виш судски референт-благајник“ еден (1) извршител, на неопределено време, се избира кандидатот:
1. Марија Ванчевска од Куманово
Решение за вработување за избраниот кандидат ќе се донесе по конечноста на оваа одлука, согласно чл.37 ст.1 од Законот за судска служба.
О б р а з л о ж е н и е
Од страна на Основен суд Куманово во дневните весници „Нова Македонија“ и ,,Лајм“ од 04.12.2019 година, објавен е Јавен оглас бр.1/19 за вработување на судски службеник за работно место „Виш судски референт-благајник“, еден (1) извршител.
По спроведената постапка за вработување од страна на Комисијата за селекција за вработување, согласно Законот за судска служба (Сл.весник бр.98/08, 150/10, 43/14, 33/15, 98/15, 198/18) и Правилникот за форма и содржина на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојност на доказите и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови во постапката за селекција во зависност од категориите на работни места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници (Сл. Весник на РМ бр. 236/18 од 24.12.2018 година), до Претседателот на судот, доставен е Предлог за најдобро рангиран кандидат Су.бр.04-1364/19/3 од 31.01.2020 година, за работно место „Виш судски референт-благајник“.
Со Предлогот за најдобро рангирани кандидати Су.бр.04-1364/19/3 од 31.01.2020 година, за работното место „Виш судски референт-благајник“, еден (1) извршител, Комисијата за за селекција за вработување, го предложи кандидатот Марија Ванчевска од Куманово
Претседателот на судот, имајќи го во предвид Предлогот за најдобро рангиран кандидат Су.бр.04-1364/19/3 од 31.01.2020 година, доставен од Комисијата за селекција за вработување, согласно чл.35 ст.1 од Законот за судска служба, за работното место „Виш судски референт-благајник“, еден (1) извршител, како и имајќи го во предвид чл.17 и чл.36 ст.1 од истиот закон, одлучи како во изреката на оваа одлука, односно, го избра кандидатот Марија Ванчевска, како најдобро рангиран кандидат по спроведената постапка по Огласот бр.1/19 од 04.12.2019 година.
Претседател на суд
Судија,
Снежана Манев
ПРАВНА ПОУКА:
Против оваа одлука кандидатот кој не е избран има право на жалба во рок од 8 дена од приемот на известувањето со Одлука за извршениот избор до Советот на судска служба. (Жалбата се доставува преку Основен суд Куманово.)