Оглас за избор на судии поротници
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Оглас за избор на судии поротници
Основен суд Неготино го објавува следниот:
О Г Л А С
за
кандидати за избор на 42 - судии поротници во
ОСНОВНИОТ СУД НЕГОТИНО
I. Кандидатите за судии поротници треба да ги исполнуваат следните услови:
- да е полнолетен државјанин на Република Македонија,
- да има завршено високо образование,
- активно да го владее македонскиот јазик,
- да не е постар од 64 години,
- да ужива углед за вршење на функцијата судија – поротник.
- да поседува интегритет и социјални способности за вршење на функцијата судија – поротник,
- да е работоспособен и да има општа здравствена способност
II. За судија поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судија поротник во истиот суд е во сродство во права линија или станична линија до трет степен, или е негов брачен другар, ниту лице кое е члне на Судски совет на РМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.
III. Заинтересираните кандидати да достават пријава со потребните документи (уверение за државјанство, извод од матична книга на родени, уверение за завршено високо образование и лекарско уверение) во писарницата на судот – приемно одделение во рок од 15 дена од денот на објавувањето на огласот.
IV. кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат упатени на психолошки тест и тест за интегритет, кои ќе ги спроведе Судски совет на РМ Скопје.
Трошоците за полагање ги поднесуваат кандидатите за судии - поротници
Основен суд Неготино