Европски ден на правдата
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Европски ден на правдата
Новости
|
08.11.2023

Во рамки на одбележувањето на Европскиот ден на правдата и во насока на придонес кон отвореност на судот кон јавноста, на 25.10.2023 година Основниот суд Прилеп, организираше посета на ученици од правна насока на СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“.
Преку презентација и непосреден контакт со вработените и запознавање со нивните работни задачи, учениците имаа можност изворно да се запознаат со начинот на работа, надлежностите и организацијата на работата во судот.