Јавен оглас 1/2023 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас 1/2023

Новости  |  01.3.2023

ПРИЈАВА

 

               Врз основа на чл.18 став 1 алинеја 1 и став 6 од Законот за судска служба(„Сл.весник на РМ„ бр.43/15,98/15,  33/15,6/16 и 198/18 ) во врска со член 22  и член 23  од Законот за работни односи ,Основен суд Прилеп, објавува:

 

 

                                               ЈАВЕН ОГЛАС бр. 1/2023

 

            За вработување на судски службеници   на  определено време  за следните  работни места:

 

1. Самостоен  реферeнт- сметководител  категорија ,,Г,, ниво ,,Г-1,,

- 1(еден) извршител

 

  Услови што се бараат за вршење на работата:

   Стручни квалификации:

Стекнати најмалку вишо или средно образование од економска или друга соодветна  област.

    Работно искуство:

  -  најмалку 3 години работно искуство во струката.

   Посебни работни компетенции:

   - Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија  (англиски, француски, германски)

 -    Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

   Платата на судскиот службеник ќе изнесува 20.962,оо денари. Работни часови неделно :40 часа; Работно време од 07:30 до 15:30 ; Дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот. Работни денови : од понеделник до петок.

 

2 Судски реферeнт- извршител во писарница  категорија ,,Г,, ниво ,,Г-3,,

               - 1(еден) извршител

 

  Услови што се бараат за вршење на работата:

 

   Стручни квалификации:

   Стекнати најмалку вишо или средно образование.

    Работно искуство:

  -  најмалку 1 години работно искуство во струката.

   Посебни работни компетенции:

  - Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија  (англиски, француски, германски) согласно член 12 став 2 точка 4 од Закон за судска служба.

 -  Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

      Платата на судскиот службеник ќе изнесува 19.904,оо денари. Работни часови неделно :40 часа; Работно време од 07:30 до 15:30 ; Дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот;Работни денови : од понеделник до петок.

 

Сите кандидати треба да ги исполнуваат следните :  Општи услови:

- да е државјанин на Република Македонија

- активно да го користи македонскиот јазик

- да е полнолетен

- да има општа здравствена способност за работното место

- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна за забрана на вршење на професија, дејност или должност.

        Кандидатите се должни да  се пријават на огласот со  Пријава за вработување на судски службеник и истата можат да ја подигнат во Основен суд Прилеп  од Приемното одделение или да ја симнат од веб страната на судот www osprilep.mk во рубрика формулари-документи.

        Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци.

     Рокот за пријавување трае 5(пет) работни дена сметано од денот на последното објавувањето на огласот ( не сметајќи го денот на објавувањето).

      Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава нема да биде предмет на разгледување.

       Пополнетата пријава заедно со доказите за исполнување на општите и посебните услови(  за стручните квалификации, работното искуство и посебните работни компетенции ) кандидатите се должни да ги достават непосредно преку приемната писарница на судот или преку пошта со назнака за Оглас бр. 1/2023,  на следната адреса:

       Основен суд Прилеп бул.„Гоце Делчев“ бб Прилеп.       

      Информации на следниот телефон 048 421 700 .      

       Изборот ќе се изврши  во рок од 20 дена од завршувањето на огласот.

 

                                                                                  ОСНОВЕН СУД ПРИЛЕП

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_