Јавен оглас 1/2023- [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас 1/2023-

Новости  |  11.9.2023

ПРИЈАВА

 

Врз основа на чл.20, чл.21, чл.25, чл.26, чл.119 и чл.120 од Законот за судска служба (Службен весник на РМ бр.43/2014, 33/2015, 98/2015, 198/2018, 248/2018, 235/2022)  чл.2 од  Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција на испитите, проверка на веродостојноста на докази и интервјуто, како и на начинот на нивно бодување и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работни места како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници (Сл.весник на РМ бр.236/2018) и Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Основен суд Прилеп, Су04 бр.23/2018 од 29.11.2018 година, Основниот суд Прилеп на ден 31.08.2023 година објавува:

ЈАВЕН  ОГЛАС бр.1/2023
За вработување на неопределено време на следнoтo работнo место


Припадник на судска полиција, број на извршители..............1 (еден)

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија;
- активно  да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена состојба за работното место;
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;
 Покрај општите услови за вработување на судски службеник утврдени во чл.21 ст.1 од Законот за судска служба, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните посебни услови утврдени во чл.119 од Законот за судска служба и чл.45 од Правилникот за организација и систематизација на работните места во Основен суд Прилеп:
-да не се постари од 25 години,
-да се физички и психички способни за вршење на работите на судската полиција;
-да имаат соодветни стручни квалификации потребни за работното место, најмалку средно образование, со или без работно искуство,
-да поседуваат соодветни општи  работни компетенции потребни за работното место:  подоготвеност за учење и развој , комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа,- ориентираност кон странките  
-да поседуваат посебни работни компетенции за работното место:
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и
-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици  на Европската унија (англиски, француски, германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението  ALTE на европски тестатори, или уверение  од меѓународна институција, на А1 (А1) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно БУЛАТС или Аптис, или ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 35 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалју 10 бода или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ; или Гете сертификат.


Пријавите за вработување на кандидатите со приложените докази за исполнување на условите наведени во овој оглас, во оригинал или заверени на нотар, се доставува во писмена форма преку приемната писарница на Основен суд Прилеп или преку пошта на адреса:
Основен суд Прилеп
со назнака: ЗА ЈАВЕН ОГЛАС 1/2023
бул„Гоце Делчев“ бб, Прилеп.
Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка

 Број на работни часови неделно: 40;
Работното време е во смени: I смена од 07-15 ч;  II смена од 15-23ч; III смена од 23 – 07,oo ч. .
Основна плата за работно место – 20.954,оо ден.

Рокот за поднесување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена сметано од  денот на објавување на огласот во дневните весници.

 Согласно чл.120 ст.3 од Законот за судска служба, проверката на условите за вработување на припадник на судска полиција ја врши Министерството за правда на Република С. Македонија.

                        ОСНОВЕН СУД ПРИЛЕП

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_