Основен кривичен суд Скопје Почетна
ActionsНајнови вести
ActionsНајнови вести
-
Соопштенија за јавност | 13.1.2025 | Основен суд Скопје I
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, денска на Основниот кривичен суд Скопје му обезбеди донација од 10 лап – топ компјутери во вредност од околу 8.000 долари, наменети за одделението за организиран криминал и корупција. [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 24.12.2024 | Основен суд Скопје I
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека : Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба изјавена од одбраната на А.Г., недостапен за органите на прогон, против решението на судија на претходна постапка, донесе одлука со која ја одби жалбата на одбраната и го потврди решението на судија на претходна постапка. [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 17.12.2024 | Основен суд Скопје I
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Во однос на двете лица поврзани со истрагата за „Државна лотарија на РСМ“ за кои Основното јавно обвинителство, до судија на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, а за кои судот најави дека дополнително ќе одлучува по утврдување на нивната достапност: [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 17.12.2024 | Основен суд Скопје I
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерки за претпазливост против четири лица кои се опфатени со истрагата поврзана со „Државна лотарија на РСМ“, за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 од КЗ, а кои во текот на ноќта беа сослушани во судот, донесе решенија со кои го прифати предлогот на ЈО и на сите 4 лица им определи мерки согласно чл. 146 ст.1 т. 2 и т.3 односно Одземање на патна исправа и Обврска за повремено јавување на службено лице во судот. [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 16.12.2024 | Основен суд Скопје I
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство против 4 лица, осомничени за кривичното дело Терористичка организација од чл. 394 – а од КЗ, донесе решенија со кои го прифати предлогот на ОЈО ГОКК и на сите четири лица, кои утрово беа спроведени во судот, им определи мерка притвор во траење од 30 дена. [повеќе]
Сите вести