Најчесто поставувани прашања [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Најчесто поставувани прашања

КАКО СЕ ДОБИВА УВЕРЕНИЕ ЗА НЕОСУДУВАНОСТ ОДНОСНО КАЗНЕНА ИЛИ КРИВИЧНА ЕВИДЕНЦИЈА ?

Почитувани, согласно Законските одредби, барање за Уверение/Потврда Од кривична или казнена евиденција може да поднесете само лично, друго лице во ваше име со ваше полномошно или адвокат со адвокатско полномошно.

Надлежен суд за издавање на Уверенија / Потврди е судот според место на раѓање.

Барањата се поднесуваат на шалтерот за уверенија во старата зграда на судот секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот освен пауза од 11:00 – 11:30. Потребно се две пополнети барања кои ги добивате на шалтерот или можете да ги испечатите од веб – страната на судот, лична карта или патна исправа и фотокопија од истата и да уплатите такса од 320 денари со картичка или преку уплатница.

Уверението или потврдата може да ја подигне било кој со вториот примерок од барањето, за 5 работни дена од поднесувањето.

Барање за Уверение или Потврда заедно со Уплатница, на која се плаќа Законска такса доколку не сакате да платите со картичка на шалтер, имате на следниот линк:

http://sud.mk/wps/portal/osskopje1/sud/formulari/krivicna-oblast/!ut/p/z1/hY7RCoJAFES_xQ-QO4Ho-riWbqkRlFt6X0JCQsgtZO37K-m1bd4GzhmGmGpi0z77a2v7u2lv795weI6xChfJEuWuiATkVqelVpu8kqDTDIQqCCAKlOKwTyBTRKKKJVQGYrd_JCa-TOPYGUuNHafuO-lwPpP4kfkS_0PWoHxmHMcfgx78Gn4qPe8FUqI57g!!/dz/d5/L2dBISEvZ0FBIS9nQSEh/?current=true

Воедно, барање за Потврда од Казнена евиденција можете да поднесете и преку порталот uslugi.gov.mk,  но овој начин на аплицирање и издавање не е во надлежност на судот, па за повеќе информации моожете да се обратите на конкретниот сајт. ( Ваквиот начин НЕ ВАЖИ и за Уверението од кривична евиденција)

1.    Одговор

Прва<1>Последна


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести

  • ЈАВЕН ОГЛАС ЗА СУДИИ ПОРОТНИЦИ бр.5/2024

    Соопштенија за јавност  | 28.11.2024
    Врз основа на член 42, 43 и 49 од Законот за судовите („Службен весник на РМ” бр.58/06, 62/06, 35/08, бр.150/10, 83/2018, 198/18 и 96/19), како и член 53 од Законот за судскиот совет на Република Македонија („Службен весник на РСМ“ број 102/2019), Основниот кривичен суд Скопје објавува: ЈАВЕН ОГЛАС бр.5/2024 за избор на 20 судии поротиници [повеќе]
  • СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Соопштенија за јавност  | 22.11.2024
    Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следата главната расправа за предметот со КОК бр. 12/24 познат како „Скопје 2014“, ја информираме јавноста дека расправата насрочена за 25.11.2024 година се одлага со оглед да е добиено известување со прилог медицинска документација, дека еден од обвинетите е спречен да присуствува на расправата. [повеќе]
  • СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Соопштенија за јавност  | 22.11.2024
    Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека главната расправа за предметот со КОК бр. 30/20, познат како „Шпански скали“, насрочена за 26.11.2024 година се одлага по барање на обвинетиот М.Ј. кој до судот достави медицинска документација дека истиот е спречен да присуствува на расправата заради здравствени причини. [повеќе]

Сите вести