Заради интерес на медиумите кои ја следата главната расправа за предметот со КОК бр. 49/20 во јавноста познат како „Меѓународен сојуз“ ја информираме јавноста дека по барање на надлежниот јавен обвинител, заради присуство на друга главна расправа, судењето се одлага, за што веќе се известени странките во постапката.
[повеќе]
Заради интерес на медиумите во однос меѓунардоната потерница за обвинетиот С.М., ја информираме јавноста дека од страна на надлежното Министерство за внатрешни работи до Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, предпладнево е поднесено барање за согласност од судот за распишување меѓународна потерница за обвинетиот на кој во текот на вчерашниот ден му беше определена мерка куќен притвор со 24 часовен надзор по негово пронаоѓање односно лишување од слобода.
[повеќе]
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, вчера (21.02.2021) во 15:00 часот до Основниот кривичен суд Скопје, достави предлог за определување мерка притвор против С.М. обвинет во предметот со КОК бр. 47/17 од обвинителството означен како Таргет-тврдина, заради постоење на сомнение за евентуално бегство.
[повеќе]