Кривична област формулари [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Кривична област

Сите лица кои со одлука на Основен кривичен суд Скопје се задолжени да платат одредена парична казна, трошоци на постапка или паушал, истите да ги платат на доле наведените сметки.

  • Уплатница за уплата на паушал за кривичен предмет
  • Уплатница за уплата на парична казна за кривичен предмет
  • Уплатница за уплата на трошоци за кривичен предмет
  • Уплатница за упата на глоба за прекшрочен предмет
  • Упатница за уплата на трошоци за прекршочен предмет

 

Плаќање на ПОС терминали.

Со цел олеснување на целокупната процедура за плаќање на законски утврдената судска такса при поднесување барање за добивање потврда – уверение од казнена, кривична или прекршочна евиденција, освен досегашниот начин на плаќање на таксата во банка или пошта преку уплатница, граѓаните кои поседуваат валидна дебитна или кредитна картичка, таксата ќе може да ја платат на шалтерот за поднесување барање во Основен кривичен суд Скопје преку ПОС терминали на Тутунска банка.

Ги известуваме сите граѓани дека Законски утврдената судска такса , може да се плати со било која дебитна или кредитна картичка, а освен утврдената сума која се уплаќа на сметка на Буџет на Р.М. банката наплатува и 40 денари провизија.

Со цел граѓаните да не се доведат во состојба да мора да издвојат повеќе пари од нивниот буџет ги известуваме дека при уплаќање на таксата самите одлучуваат дали таксата на сметка на Буџет на Р.М. ќе ја плаќаат преку ПОС терминали или преку уплатница во банка или пошта каде исто така се плаќа дополнителна провизија.

Со почит Основен кривичен суд Скопје. 

 

Опис Преземање
БАРАЊЕ ЗА КАЗНЕНА ЕВИДЕНЦИЈА - АЛБАНСКИ Ј.
БАРАЊЕ - АЛБАНСКИ Ј.
БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ ПОТВРДА ОД ЕВИДЕНЦИЈА ЗА ИЗРЕЧЕНА САНКЦИЈА - АЛБАНСКИ Ј.
БАРАЊЕ ЗА БРИШЕЊЕ ОСУДА -КАЗНА - АЛБАНСКИ Ј.
БАРАЊЕ ОД КРИВИЧНА ЕВИДЕНЦИЈА-Албански.Ј

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести

  • СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Соопштенија за јавност  | 06.12.2023
    Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје за определување мерки притвор против 4 лица кои во текот на вчерашниот ден беа спроведени во судот, а поврзани со грабнувањето и убиството на малолетната В.Ѓ. од Скопје и убиството на велешанецот П.Ж., ценејќи ги приложените факти и исказите на обвинетите во однос на предлогот за притвор донесе решенија со кои го прифати предлогот на Јавниот обвинител. [повеќе]
  • СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Соопштенија за јавност  | 05.12.2023
    Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, донесе решение со кое го прифати предлогот на обвинителството и на Љ.П. со прекар П. Од Скопје, му определи мерка притвор од 30 дена од денот на неговото пронаоѓање и лишување од слобода, а поради постоење на основите од член 165 став 1 точка 1,2 и 3 од ЗКП односно опасност од бегство, ќе ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоци или ќе го повтори кривичното дело. [повеќе]
  • СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Соопштенија за јавност  | 04.12.2023
    Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Оснвноto јаvно обвинителство, за определување мерка краткотраен притвор, а поврзано со убиството на малолетната В.Ѓ. од Скопје и П.Ж. од Велес, против три лица кои рано утрово беа спроведени во судот, донесе решнија со кои го прифати предлогот и на трите лица им определи мерка притвор од 48 часа, а зарди постоење на основите од чл. 165 став 1 точка 1,2 и 3 односно опасност од бегство, влијание врз сведоци и страв дека ќе го повтори односно изврши ново кривично дело. [повеќе]

Сите вести