СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

News

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

News  |  Jun 9, 2021
Во однос на сите шпекулации и дезинформации кои во последно време се лиферуваат во јавноста поврзани со предметот познат како „Талир1„

Во однос на сите шпекулации и дезинформации кои во последно време се лиферуваат во јавноста поврзани со предметот познат како „Талир1„, каде меѓу другите во својство на обвинет се јавува и правното лице ВМРО – ДПМНЕ, а кои шпекулации и дезинформации ja нарушуваат Уставно загaранатираната судска независност, Основнито Кривичен Суд ја информира јавноста дека :

Кривичниот суд – Скопје постапува независно,непристрасно и неселективно без разлика дали како обвинет или оштетен се јавува сегашен или поранешен  функционер, лице кое ужива висок социјален статус во општеството, бизнисмен, доктор, професор, пензионер, невработен граѓанин и сл.

Посветен исклучиво на правдата, со целосно и доследно почитување на Законите и правата на странките,  Судот одлучува врз основа на изведените докази и аргументи, врз основа на судската пракса и врз основа на правната логика, за кое нешто доказ се и бројните судски одлуки од изминатиов период, потврдени од повисоките судови, а истовремено од непристрасната јавност и од меѓународниот фактот-како релевантен критичар, се квалификувани како правични и одраз на владеењето направото.

Во смисла на погоренаведеното, апелираме до сите-странките во постапката, но и до „самопрогласените експерти“, да се воздржат од давање на неточни и тенденциозни коментари кои штетат на угледот на судот, но и на самите странки во постапките.

За да не се шират невистини, појаснуваме дека судија-поротник не учествува во носење на одлука за замрзнување на имот, односно привремена мерка за обезбедување на имот, бидејќи таквата одлука е во надлежност на Кривичниот Совет и се носи во совет од тројца судии, без учество на судија-поротник.

 Наместо навредливото етикетирање на судството како „Луј Витон“, „Сваровски“,Трас-трас-судство...“ кое изминативе години доаќа од различни политички структури, потребно е да се покаже поголема почит кон правосудскиот систем генерално, бидејќи навреда на Третата власт, е и навреда на граѓаните на РСМ кои се претставувани во судските постапки преку судиите поротници, а колку се важни граѓаните упатува и фактот дека нивниот глас е еднаков со гласот на судијата при носењето на одлуките.

Воедно апелираме и да се престане со постојаните закани за кривична одговорност на судиите и судиите-поротници, бидејќи таквиот вид на притисок нема да влијае врз носењето на судските одлуки, а од друга страна говори и за не укоста на тој што изнесува такви закани, па дури и за обид од негова страна за попречување на правдата.

По однос изборот и разрешувањето на судиите-поротници, јавноста треба да знае дека тоа е исклучива надлежност на Судскиот Совет, а не на Претседателот на судот.

 

Во конкретниот случај по однос судијата-поротник Митко Сандев, откако од Судот е костатирано дека истиот наполнил 60 години, веднаш е известен Судскиот Совет, но се додека истиот евентуално, не биде разрешен, тој ќе ја обавува функцијата „Судија-Поротник“.

Судот сака да појасни зошто не е поднесено „Барање за негово разрешување“ туку е дадено само „Известување“. Имено Законот за судови е нејасен во смисла на изборот и разрешувањето на судиите-поротници. Збунувачки е што Законот истовремено предвидел дека за судија поротник со мандат од четири години може да биде избрано секое лице до навршување на60 години, а истовремено предвидел и дека со навршувањето на 60 години поротникот треба да се разреши. Ваквата недореченост на Законот, која ствара забуна, е критикувана и од домашната експертска јавност, но и од Меѓународната заедница, дури е квалификувана и како дискриминирачка, имајќи предвид дека за работно способни лица во РСМ, согласно ЗРО-Законот за работни односи, се сметаат сите лица до 64 години старост.

 Од овие причини,во минатото, во огромен број на судски постапки, на судиите поротници кои навршиле 60 години им се дозволувало и понатаму да ја вршат функцијата поротник до истекот на мандатот од 4 години, а пред се поради целисходноста и економичноста на постапката, односно за да не отпочнат постапките од почеток и за да не се зголемат трошоците на постапката.

Станува збор за веке воспоставена судска пракса, така што доколку овој поротник не биде разрешен од Судскиот Совет,тоа не би преставувало исклучок како што се сака да се престави во јавноста.

За крај, секое физичко или правно лице кое има својство на обвинет и кое смета дека ги има сите правни докази на своја страна, потребно е да се залага за брза, економична и ефикасна постпка во која ќе ги изведе своите аргументи пред судот и пред јавноста, а не да ја одолговлекува или да ја кочи постапката.

 

                                                                                                               

                                                                                Основен кривичен суд Скопје

   


Decision search

Court
Case number
Date
_