СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Соопштенија за јавност
|
14.1.2020
Во однос на предметот со КОК 66/17 познат како „Монструм“, ја информираме јавноста дека заради промена на судечкиот совет, односно поднесена остава на еден судија – поротник, а во брзо време и истек на мандат на друг судија - поротник, со назначување нови како и дополнителни - резервни поротници, главната расправа формално почна одново, а продолжи со изведување нови докази.
Имено, заради ефикасност на постапката, начелото за судење во разумен рок и пред се Уставно загрантираните права и обврски на обвинетите и оштетните во постапката, одбраната се согласи наместо повторно изведување на доказите, судењето да почне формално од почеток само со пренесување на сите досегашни изјави и изведени докази во новиот записник, со што расправата продолжи онаму каде и претходно застана, а тоа е со изведување на нови докази и сослушување нови сведоци.
На овој начин судот, во согласност со одбараната, а постапувајќи според Законските одредби не дозволи дополнително одолговлекување на постапката, што е од интерес пред се на обвинетите и оштетените во предметот.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.