Јавен оглас за вработување судски службеници [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас за вработување судски службеници

Press realeses  |  Feb 19, 2021
ЈАВЕН ОГЛАС бр.2/2021 за вработување на неопределено време и тоа: 1. Категорија В, ниво В4, шифра СУД0101В04002, -Помлад соработник-Преведувач -1-еден извршител 2. Категорија Г, ниво Г1, шифра СУД0101Г01002, -Самостоен референт-систем администратор информатичар -1-еден извршител

            Врз основа на чл.20 и чл.25 од Законот за судска служба („Сл.весник на РМ“ бр.43/2014, 33/2015, 98/2015, 06/2016, 198/2018 и 248/2018), Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојност на докази и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работни места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници („Сл.весник на РМ“ број 236/2018), известувањето од Министерството за финансии на РСМ, број 18-5473/2 oд 09.10.2020 година и бр.18-533/1 од 15.01.2021 како и издадената согласност за пополнување на слободни работни места од судски буџетски совет, Основниот кривичен суд Скопје  објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС бр.2/2021

за вработување на неопределено време и тоа:

 

  1. Категорија В, ниво В4, шифра СУД0101В04002,

-Помлад соработник-Преведувач-1-еден извршител

 

Посебни услови за вршење на работите утврдени со Законот за судска служба и Правилникот за систематизација на работните места во Основниот кривичен суд Скопје

-Стручни квалификации:

-стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС-Филолошки факултет-Албански јазик или завршен VII/1 степен филолошки факултет-Албански јазик

-Работно искуство:

-со или без работно искуство

-Посебни работни компетенции:

- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место.

 

Основна нето плата 24.050,00 денари; Работни часови неделно: 40 часа; Работно време од 07,30 до 15,30 часот, Дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот, Работни денови од понеделник до петок

 

  1. Категорија Г, ниво Г1, шифра СУД0101Г01002,

-Самостоен референт-систем администратор информатичар-1-еден извршител

                                                                                                    

Посебни услови за вршење на работите утврдени со Законот за судска служба и Правилникот за систематизација на работните места во Основниот кривичен суд Скопје

-Стручни квалификации:

- најмалку вишо или средно образование

-Работно искуство:

-најмалку 3 години работно искуство во струката

-Посебни работни компетенции:

- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски) активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место.

 

Основна нето плата 18.858,00 денари; Работни часови неделно: 40;Работно време од 07,30 до 15,30 часот, Дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот, Работни денови од понеделник до петок

 

Покрај наведените посебни услови, предвидени во Законот за судска служба и Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Основниот кривичен суд Скопје, кандидатите за судски службеник треба да ги исполнуваат и општите услови за вработување, предвидени во чл.21 став 1 од Законот за судска служба („Сл.весник на РМ“ бр.43/14) и тоа:

-да е државјанин на Република Македонија;

-активно да го користи македонскиот јазик;

-да е полнолетен;

-да има општа здравствена способност за работното место;

-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

 

Заинтересираните кандидати се должни да достават пополнета Пријава (образец објавен во Службен весник на РМ број 236/2018) која може да се подигне и во  приемното одделение на судот, секој работен ден од 08,30 до 14,30 часот или пак истата да се превземе од web страната на Основниот кривичен суд Скопје (www.osskopje1.mk).

Кон пријавата, кандидатите ги приложуваат доказите за исполнување на општите и посебните услови за работното место на кое се пријавуваат, во оригинал или копија заверена на нотар:

-уверение за завршено соодветно образование,

-доказ за работно искуство,

-уверение за државјанство,

-лекарско уверение за општата здравствена состојба,

-уверение или потврда дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност,

-диплома, сертификат или уверение како доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

Кандидатите за судски службеник во постапката за вработување преку јавен оглас, активното познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски) ќе го докажуваат со полагање испит за судски службеник – дел за проверка на знаење на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски).

 

Напомена: Кандидатите за судски службеник од точка 2 кои имаат завршено повисоко образование од минимално предвиденото со огласот, да ги достават и свидителствата кои им ги издало средното училиште.

 

            Условите наведени во огласот кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

            Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци.

 

Напомена: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошната постапка.

 

Времето и датумот на одржување на административната селекција, испитот и интервјуто ќе бидат објавени на интернет страницата на Основниот кривичен суд Скопје.

Рокот за пријавување на кандидатите на јавниот оглас е 15 (петнаесет) дена, сметано од наредниот ден од објавувањето на огласот во дневните весници.

Ненавремените, неуредните и нецелосно пополнетите пријави нема да се разгледуваат.

Пополнетата пријава во писмена форма заедно со доказите, кандидатите се должни да ја достават непосредно во судот или по пошта на адреса ОСНОВЕН КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ, Комисија за селекција за вработување по јавен оглас бр.2/2021, Бул.Гоце Делчев б.б. Скопје.

Постапката за селекција за вработување ќе биде спроведена согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојност на докази и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работни места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници („Сл.весник на РМ“ број 236/2018).

Кандидатите кои ќе ја поминат административната селекција, полагаат испит за судски службеник во просториите на Основен кривичен суд Скопје.

 Базата на прашања и потребната литература, е достапна на web страната на Основниот кривичен суд Скопје (www.osskopje1.mk).

 

                                                                        ОСНОВЕН КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ

   


Decision search

Court
Case number
Date
_