СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Предлогот за определување мерка притвор против обвинетите С.М., Г.Г., Н.Н., Т.Ј. и Н.Б., се одбива како неоснован, а по повод предлогот по службена должност им се определуваат мерки за претпазливост и тоа на С.М., Г.Г. и Н.Н., – Обврска обвинетите еднаш неделно да се јавуаат на надлежно службено лице во судот и Привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа; на обвинетиот Н.Б., - Обврска обвинетиот еднаш неделно да се јавува на надлежно службено лице во судот и Привремено одземање на патна исправа и службена патна исправа и забрана за издавање на нови; на обвинетиот Т.Ј. – Обврска обвинетиот еднаш неделно да се јавува на надлежно службено лице во судот.
Предлогот за определување мерки за претпазливост на Е.Џ. и тоа - Обврска обвинетиот еднаш неделно да се јавува на надлежно службено лице во судот и Привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, се уважува.
Против овие решенија, странките имаат рок за жалба од 3 дена до Апелациониот суд.
Во однос на вториот предлог кој до судот беше доставен на 30.06.2017 година, откако одлуките ќе бидат писмено изработени и доставени до странките, јавноста ќе биде известена во текот на утрешниот ден.
Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.