Отворен ден на Кривичниот суд [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Отворен ден на Кривичниот суд

Соопштенија за јавност  |  17.11.2025
Основниот кривичен суд Скопје и Проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ денеска организираа Отворен ден во Кривичниот суд, за запознавање на средношколци и студенти со работата на судот како дел од стратегијата на Мисијата за поголема отвореност и пристапност на граѓаните до судовите.

По тој повод Матуранти од Средните правни училишта на град Скопје, Васил Антевски – Дрен и Арсение Јовков, како и студенти од Правниот факултет во Скопје, имаа можност да се запознаат со техничките и просторните услови за работа на судските писари и во самите судници. Разговараа со претставници на Пробациската служба која е во рамки на Кривичниот суд, присуствуваа на јавна судска расправа и се запознаа со ВД Претседателката на судот – судија Даниела Димовска, и судијата од одделот за претходна постапка – Сандра Крстиќ со кои разговараа за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат како судии, како и неопходните вештини и знаење кое треба да го поседува секој судија.

Отворениот ден на судот, е дел од заложбите за поголема отвореност и транспарентност во јавноста како и соработка со невладините организации, меѓународните мисии во земјата како и сите правни образовни институции.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_