СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Заради зголемен интерес на медиумите околу барањата поврзани со Законот за амнестија кои се доставуаат до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, ја информираме јавноста дека до денеска на пладне пред Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција доставени се 16 комплетирани барања, а во одделот Кривично полнолетни пристигнати се повеќе од 100 барања, но бројката во секој момент се менува бидејќи се очекува во следниот период во судот да пристигнат и други барања , а откако ќе се утврди дека пристигнатите барања се комплетни, веднаш се распредуваат во работа пред кривичните совети.
Со оглед да советите имаат рок од 5 дена за одлучување, откако ќе бидат донесени соодветни решенија во конкретните барања и истите ќе бидат доставени до надлежните институции, јавноста ќе биде дополнително информирана за конкретна бројка на донесени и доставени решенија.
Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.