СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Njoftim për opinionin
|
23 Kor 2021
Во недостиг на официјални информации од надлежното јавно обвинителство во врска со предметот за “Нелегална набавка на софтвер„ и опредлените мерки за обезбедување присусутво за оосомничениот Д.Р., а во правец на продолжување на неспорната транспарентности и отчетност која Кривичниот суд изминатиот период ја манифестира, ја известуваме јавноста дека:
- Мерката за обезбедување присуство - Куќен притвор за осомничениот Д.Р. продолжена со решение на Кривичниот суд, а потврдeна од Апелациониот суд, опстојува БЕЗ дополнителна мерка за претпазливост - Забрана за комуникација со лица опфатени со кривично правниот настан или Забрана за употреба на средства за комуникација.
- Предлогот на Јавниот обвинител за замена на мерката куќен притвор во ефективен притвор е поднесен заради непочитување на конкретната мерка за претпазливост кој во критичниот период воопшто НЕ опстојува,
- Имајќи ги предвид овие околности, најпрвин судија на претходна постапка, а потоа и Кривичниот Совет, водејќи се исклучиво од Законските одредби без да навлегува во ценење на сомневањето на обвинителот дали навистина е прекршена мерка која впрочем воопшто не е определна, донесе решение со кое барањето на обвинителот го одби како неосновано.
Со оглед да со донесеното решение Кривичниот совет го одби предлогот на Јавниот обвинител, а воедно не го укина односно не ја ни преиспитуваше можност за укинување на мерката – куќен притвор, судот согласно досегашната пракса, заинтересираните медиуми ги извести за донесената одлука на судот, а за причините поради кои Јавниот обвинител барал построга мерка ги упати да се обратат токму кај надлежниот обвинител.
Со почит Основен Кривичниот суд.