СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  16.10.2018
Во однос на изјавите на бранителите во предметот со КОК бр. 40/18 поврзан со настаните од 27.04.2017 година во Собранието на Р.Македонија,...

Во однос на изјавите на бранителите во предметот со КОК бр. 40/18 поврзан со настаните од 27.04.2017 година во Собранието на Р.Македонија, ја известуваме јавноста дека, ги разбираме реакциите на одбраната поврзани со условите во кои работи судот. Но условите се тие, не се совршени, но, ги обезбедуваат основните услови за работа предвидени со Законот.

Во таа смисла не го оправдуваме напуштањето на судницата од страна на бранителите. Но, во интерес на обвинетите кои побараа нивните адвокати да бидат присутни на расправата на која ќе се сослушува загорзениот сведок, судечкиот совет  одлучи да им излезе во пресрет на обвинетите и расправата ја одложи за утре. Како не би дошло до ново одолговлекување на постапката судот дополнително обезбеди и бранители по службена должност кои исто така ќе присуствуваат на расправата.

Потребно е да се напомене дека со оглед да се работи за притворски предмет и судот е должен да ги почитува правата на обвинетите за судење во разумен рок, а воедно и зошто на денешната расправа беше обезбеден загрозениот сведок, судењето од новата зграда, каде заради технички проблеми не можеше да се одржи, беше преместена во старата зграда се со цел да се продолжи со работа.

По излегување на одбраната од судницата, еден од обвинетите се извини на судот за однесувањето на бранителите и напомена дека обвинетите не се со ништо виновни за ваквиот однос на адвокатите и не се согласува со истото. Воедно истакна дека судот досега во текот на постапката се однесувал коректно и нема забелешка на начинот на работа.

Во таа смисла ги повикуваме бранителите да дадат придонес за расправата да продолжи во најдобар ред и истите да се сконцентрираат на излагање на одбраната, а не на условите за работа, да не вршат опструкции на судењето и своеволно да го напуштаат и да ги оставаат обвинетите без соодветна одбрана.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_