СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Press realeses  |  Nov 13, 2020
Известување за предметот КОК бр. 47/17 во јавноста познат како „Таргет/тврдина“.

Во однос на главната расправа за предметот со КОК бр. 47/17 од обвинителството означен како „Таргет/тврдина“ ја информирме јавноста дека на денешната расправа одбраната достави решение за изолација на претпоследно обвинетиот В.И. и побара одлагање на расправата. Заради економичност и целисходност на постапката како и почитување на правата и обврските на странките во постапката за судење во разумен рок, судот ги поучи странките дека може да побараат раздвојување на постапката за денес отсутниот обвинет, но истото не беше прифатено од надлежниот јавен обвинител.

Со цел доследно почитување на протоколите за заштита на сите граѓани кои влегуваат во судот од ширење на вирусот КОВИД – 19 во време на пандемија, судот ги информира сите оштетни кои беа повикани на денешната расправа  како и сите оштетени кои се повикани за расправата насрочена за 16.11.2020 година, која се одлага заради истите причини, дека можат во писмена форма да се произнесат за евентуалното оштетено побарување.

Оштетните, во писмениот поднесок, треба да ги наведат нивните лични податоци и бројот на предмет ( КОК бр. 47/17) и нивна изјава дали бараат оштета во постапката, и во два примерока да ги достават на шалтерот на судот секој работен ден од 08.00 до 14:30 часот.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

 

   


Decision search

Court
Case number
Date
_