СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Соопштенија за јавност
|
19.7.2023
Основниот кривичен суд Скопје, денеска 19.07.2023 година, на јавна расрпава, ја објави првостепенaта пресуда за предметот со КОК бр. 61/20 против обвинетиот М.Ш., Судија во Управниот суд, за кој во 2019 година беше отворена истрага по сомнение за Злоупотреба на службената положба и овластување и поднесено обвинение со детали во следниот линк:
https://jorm.gov.mk/sudija-na-upraven-sud-pod-istraga-za-zl/
Според сите изведени материјални и вербални докази на обвинителството и одбраната, а имајќи ги предвид сите олеснителни и отежителни околности, судот донесе пресуда со која обвинетиот М.Ш. го огласи за виновен за кривичното дело – Злоупотреба на службената положба и овластување по чл. 353 ст.5 в.в со ст.3 и в.в. со ст.1 од КЗ и го осуди на казна затвор во траење од 5 години.
Против оваа пресуда, странките имаат право на жалба до Апeлациониот суд Скопје.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.