СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Основниот кривичен суд Скопје денеска се обрати до Судскиот совет на РСМ со барање судијата Александра Ристеска која, меѓу другото, постапува и како член на совет во предметот со К.бр. 1407/19 поврзан со автобуската несреќа кај с.Ласкарци да биде времено делегирана во Кривичниот суд се до објавување на првостепената пресуда за конкретниот предмет. Судењето за автобуската несреќа кај с.Ласкарци е во фаза на завршни зборови за што веќе се насрочени четири продолженија во текот на тековниот и следниот месец. Барањето е со цел економичност и целисходност на постапкта како и спречување на непотребни одолговлекувања имајќи предвид дека со промена на судечкиот совет предметот може да почне од почеток со изведување на сите вербални и писмени докази како и сите вешти наоди.
Воедно судот бара од Судскиот совет на РСМ во најкус рок да делегира најмалку тројца судии и тоа во одделот за Кривично полнолетни, одделението за Организиран криминал и корупција и одделението за Претходна постапка каде до овој момент постапуваа тројцата судии. Судот со заминувањето на тројцата судии, заради нивниот избор во Второстепен суд, и претходното престанување на судиската функција на 5 судии во текот на 2023 – та година како и делегирање во друг суд на 6 од 10 – те ново избрани судии во текот на изминатата година, Основниот кривичен суд останува со 42 судии, што може да ја доведе во прашање ажурноста на судот и надминување на приловот на нови предмети, имајќи предвид дека на годишно ниво судиите постапуваат по 215.000 предмети.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.