СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  15.7.2025
Основниот кривичен суд Скопје, денеска ги објави пресудите за предметите со КОК 117/24 во јавноста познат како „Грчец“ и предметот со К. Бр. 108/25 во јавноста познат како „Феликс“. При што:

I.

Кривичниот суд, ценејќи ги сите изведени вербални и материјални докази во постапката, образложени јавно при денешната објава, за предметот со КОК 117/24, обвинетите ги огласи за виновни за кривичните дела кои им се ставаат на товар и ги осуди на казни затвор и тоа:

Обвинетите Ф.Б. С.А и Н.Џ. за кривичното дело Недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори од чл. 215 ст.3 в.в. со ст.1 од КЗ ги осуди на казни затвор во траење од 5 години,

Обвинетиот Б.А. за кривичното дело до чл. 215 ст.3 од КЗ го суди на казна затвор во траење до 6 години, додека

Ф.С. и Ш.С. за кривичните дела Злосторничко здружување од чл. 394 ст.3 и кривично дело Убиство од чл. 123 ст.2 т.5 од КЗ ги осуди на единствени казни затвор и тоа Ф.С. на казна затвор од 14 години и 6 месеци, додека Ш.С. на казна затвор од 15 години.

Воедно судот го прифати предлогот на Јавниот обвинител за продолжување на мерката притвор на сите обвинети кои веќе се наоѓаат на издржување на претходно определната мерка во Затвор Скопје.

II.

Основниот кривичен суд Скопје, ја објави и пресудата за предметот К.бр. 108/25 против Љ.К. и Б.Б. обвинети за кривичното дело Мачење животни од чл. 233 ст.1 вв со чл. 22 од КЗ., поврзано со мачење на кучето познато како Феликс од ноември 2024 – та година.

Согласно изведените докази судот двајца обвинети ги огласи за виновни и Љ.К. го осуди на казна затвор во траење од 3 месеци додека обвинетиот Б.Б. го осуди на парична казна од 1000 евра во денарска противвредност.

-              Против двете првостепени пресуди странките имаат право на жалба до Апелациониот суд Скопје.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_