СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Судечкиот совет кој постапува по предметот со КОК бр. 66/17 во јавноста познат како „Монструм“, во присуство на наделжниот обвинител, обвинетите во предметот заедно со нивните бранители и полномошникот на оштетените, денеска извршија увид во возилото марка Опел Омега кое е дел од доказниот материја во предметот. На увидот во депото на Агенција за управување со одземен имот, за прв пат беше дозволено и присуство на сите заинтересирани претставници на медиумите кои го следат предметот, што е дел од заложбите на Основниот суд Скопје 1 – Скопје за поголема транспарентност во работењето на институцијата.
Судењето по кокретниот предмет продолжува со доказна постапка, а продолжението на главната расправа е насроченоза 19 октомври 2018 година во 10:00 часот.
Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.