СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Соопштенија за јавност
|
31.1.2018
Судија за оценка на обвинителен акт, кој постапува по оценка на обвинителен акт на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО), КООА 50/17 од обвинителството означен како „Тревник“ ...
Судија за оценка на обвинителен акт, кој постапува по оценка на обвинителен акт на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО), КООА 50/17 од обвинителството означен како „Тревник“ донесе решение со кое ги одби приговорите и го одобри обвинителниот акт во целост.
По одобрениот обвинителен акт формиран е кривичен предмет со К.бр. 238/18 кој согласно АКМИС – електронскиот систем ќе биде распределен за понатамошно постапување, а откако ќе биде насрочена главна расправа, странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.
Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.