СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Почитувани.
I.
Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по барање на обвинетиот Н.Г. поднесено преку неговите бранители за укинување на мерките за претпазливост, на нејавна седница, донесе решение со кое: Барањето се одбива како неосновано.
Мерката на претпазливост, Привремено одземање на патната исправа за преминување на државната граница и забрана за издавање на нова патна или друга исправа за преминување на државната граница и мерката, Привремено одземање на дипломатска патна исправа – Остануваат на сила.
Против ова решение, странките имаат право на жалба во рок од 3 дена до Апелациониот суд – Скопје.
II.
Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, кој постапува во оценка на обвинителен акт на Јавното Обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ), КОК-ООА бр.23/17 од обвинителството означен како „Тендери“, постапувајќи по барање за издвојување од списите на предметот незаконски прибавен доказ дадено во приговорот против актот, а по службена должност, донесе решение со кое Се издвојуваат од списите на предметот доказите од листата на обвинението НСК – КО бр. 10/16, и тоа телефонски разговори како доказ прибавен на незаконит начин и со кршење на правата и слободите утврдени со Уставот на Р.Македонија
Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, кој постапува во оценка на обвинителен акт на СЈО, КОК – ООА бр. 22/17 од обвинителството означен како „Топлик“, постапувајќи по предлог на одбраната за издвојување од списите на предметот незаконски приобавени докази, како и по службена должност, донесе решение со кое Се издвојуваат од списите на предметот доказите од листата на обвинението НСК – КО бр. 9/16, и тоа телефонски разговори како доказ прибавен на незаконит начин.
Судијата за оценка на обвинителен акт на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, кој постапува во оценка на обвинителен акт на СЈО, КООА бр. 53/17 од обвинителството означен како „Тортура“, постапувајќи по слжбена должност, донесе решение со кое Се издвојуваат од списите на предметот доказите предложени со листата на обвинението НСК – КО 2/16, и тоа аудио снимки од телефонски разговори, како докази прибавени на незаконит начин со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот на Р. Македонија.
Против овие неправосилни решенија, дозволено е право на жалба во рок од 3 дена до Апелациониот суд – Скопје.
Сите решенија донесени од советите за оценка на обвинителен акт и судии поединци за оценка на обвинителен акт, во следните денови ќе бидат анонимизирани и објавени на веб – страната на судот, за целосно запознавање на јавноста со содржината и образложението на донесените решенија.
III.
Денешната главна расправа за предметот со КОК бр. 62/16 во јавноста познат како „Поткуп“ се одложи за 20 ноември 2017 година, заради боледување на судечкиот судија.
Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.