СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  10.7.2025
Притвор за нападот на новинарската екипа во Визбегово

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерки за обезбедување присуство против две лица, осомничени за нападот на новинарската екипа на ТВ Алсат М, при пожарот во Визбегово, донесе решение со кое го прифати предлогот на ЈО и на осомничениот А.Н. му определи мерка притвор во траење од 8 дена, додека за осомничената М.К. го прифати предлогот за определување мерка куќен притвор.

Двете лица се осомничени за кривичното дело Спречување на службено лице во вршење на службено дејствие од чл. 382 ст.3 вв. со ст.2 и ст. 1 од КЗ, а мерките се определени со цел обезбедување на осомничените, со оглед на тоа што покрај наведеното кривично дело, обвинителството ги истражува и причините за настанување на пожарот на отпадот во сопственост на двајцата осомничени.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред кривичниот совет.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_