СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  10.11.2025
В.Д. Претседателот на Основен кривичен суд Скопје избрана за Агент на промени

Со задоволство објавуваме дека во тримесечниот Извештај во рамките на Програмата за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор на Република С. Македонија (2021–2026), спроведувана од Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили (ДЦАФ), за Агент на промени е избрана судија Даниела Димовска – В.Д. Претседател на Основниот кривичен суд Скопје.

Преку обуките на ДЦАФ, насочени кон развивање на наставни капацитети, структурирано споделување на знаења, прецизно дефинирање на проблемите и поттикнување на судски дискусии, В.Д. Претседателката стекна значајно практично искуство како обучувач. Со тоа, таа активно влијаеше врз унапредувањето на етиката, управувањето со конфликти и јавната комуникација, што сега успешно се применува и во работата на Основниот кривичен суд Скопје.

Ова признание претставува потврда за посветеноста на В.Д. Претседателката Димовска кон независноста, ефикасноста и транспарентноста, преточени во конкретни и мерливи резултати во функционирањето на судот.

Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (ДЦАФ) промовира добро владеење и реформи во безбедносниот сектор. Центарот спроведува истражувања за добрите практики, го поттикнува развојот на соодветни норми на национално и меѓународно ниво, ги прави препораките за политиките и обезбедува програми за советување и помош во земјата. Партнерите на ДЦАФ ги вклучуваат владите, парламентите, граѓанското општество, меѓународните организации и опсегот на услугите во безбедносниот сектор, вклучувајќи ги и воените, полициските, судските, разузнавачките агенции и службите за гранична безбедност.

Извештај во рамките на Програмата за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор на Р. С. Македонија

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_