СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Соопштенија за јавност
|
24.11.2025
Извршување на санкцијата на предметот познат како „Дурмо Турс“
Во однос на повеќе медиумски прашања за извршување на правосилната пресуда на осудените лица во предметот со К.бр. 1407/19, поврзан со автобуската несреќа кај село Ласкарци, ја информираме јавноста дека согласно Законот за извршување на санкциите, Основниот кривичен суд Скопје е надлежен за извршување на санкцијата на осудениот Јане Бабаровски, кој со упатен акт на судија за извршување санкции, започнал со извршување на 5 годишната затворска казна во КПУ Идризово на 09.10.2025 година.
Извршувањето на санкцијата кај сите останати осудени лица во конкретниот предмет, согласно местото на живеење, е во надлежност на Основен суд Гостивар.
Со почит, Основен кривичен суд Скопје.