СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Соопштенија за јавност
|
23.5.2017
Во Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска започна судењето по предметот со К.бр. 1905/16 во кој Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) гони 7 лица за кривичното дело Фалсификување службена исправа.
На главната расправа по предлог на надлежен обвинител од СЈО, без присуство на јавноста во судницата, беше прочитан обвинителниот предлог, а потоа во присуство на јавноста обвинетите се произнесоа во однос на вината.
Главната расправа продолжува на 3 јули во 11:00 часот со доказна постапка.
Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.