СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Соопштенија за јавност
|
11.3.2025
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со К.бр.108/25 познат како „Кучето Феликс“, ја информираме јавноста дека расправата насрочена за 13.03.2025 година се отповикува по барање на одбраната заради здравствена спреченост на обвинетиот да присуствува на судењето.
Одбраната до судот достави медицинска документација и отворено боледување за обвинетиот кој се здобил со телесни повреди и скршеница која му го попречува движењето, согласно која документација истиот, привремено не во можност да го следи судењето.
Претходно бранителот, до судот достави и известување дека по одржаното рочиште на 26.02.2025 година, обвинетиот бил бркан од група која физички го нападнала во близина на центарот на Скопје, а кој случај бил пријавен во надлежната полициска станица.
Расправата ќе продолжи на 30.04.2025 во 12:00 часот, за што странките во постапката се веќе известени.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.