СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Новости
|
01.11.2022
Советот за оценка на обвинителан акт постапувајќи по поднесеното обвинение на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција со КО. Бр. 59/22 против М.З., кој се товари за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353 ст.5 вв. со ст.3 в.в со ст.1 в.в со чл. 45 од КЗ, а поврзано со соопштението на надлежниот обвинител објавено на 04.10.2022 година:
ценејќи ги сите факти и докази во обвинението, донесе решение за оценка со кое ги одби доставените приговори, а актот го прифати во целост.
Согласно оценетиот обвинителен акт формиран е кривично – правен предмет со КОК бр. 193/22 и истиот е распределен со АКМИС – системот на понатамошно постапување кај судечки совет кој по насрочеување на главната расправа ќе достави покани до странките, а терминот за судење ќе биде достапен и на календарот за судење на веб страната на судот.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.