СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
I.
Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје постапувајќи по доставени барања во врска со Законот за амнестија на настаните од 27 – ми април 2017 година во Собранието на Р.Македонија, а по добиено позитивно мислење од надлежното обвинителство, донесе решенија со кои ги уважи барањата на Б.И., В.Ј. и Б.Д. опфатени во предметот со КОК бр. 40/18. Останите барања за кои од обвинителството е добиено негативно мислење советот донесе решенија со кои истите се одбиваат како неосновани.
За сите решенија, согласно Законот, обвинетите имаат право на жалба во рок од 3 дена до повисокиот суд.
Сите останати барања, во одделот Кирвично полнометни, се во фаза на одлучување и во Законски утврдениот рок ќе бидат донесени решенија кои ќе бидат доставени до странките, а јавноста ќе биде благовремено известена.
II.
Во однос на предлогот за укинување на мерка притвор и предлог за определување мерка куќен притвор со мерки за претпазливост во случајот од обвинителството означен како „Империја“ од страна на судија на претходна постапка е утврдено дека истиот не е компелетен и е вратен на доуредување кај најдлежниот обвинител, а по добиен уреден предлог судот веднаш ќе донесе решение.
Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.