СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ




Студентите имаа можност да се запознаат со работата на судот, просторните и техничките услови во судниците, се запознаа со судија од одделот за сообраќајни прекршоци, судија за претходна постапка и следеа судење во одделението за Организиран криминал и корупција.
За студентите ова беше прва посета и запознавање со работата на Кривичниот суд, како најголем кривичен суд во Земјата, со која посета и презентации за начинот на постапување на судиите, остварија дел од својата образовна програма за практична настава. Заради трагичниот настан во Кочани, средбата на студентите со судиите започна со едно минутно молчење во чест на жртвите во пожарот, а меѓу другото студентите беа заинтересирани и се запознаа со постапување на судиите во кризни состојби односно брзината за постапување, транспарентно известување на јавноста и почитување на Уставно загарантираните права на странките.
Кривичниот суд останува отворен за соработка со сите Универзитети и студентски здруженија во правец на овозможување директно запознавање со работењето на судовите како и простор за нивно волонтирање или пракса, која би им овозможила професионално усовршување.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.