СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Во рамки на заложбите за поголема транспарентност и отвореност на институцијата кон граѓаните, Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска го посетија учениците од петто одделение од основното училиште „11 Октомври“ – Скопје.
Учениците имаа можност да се запознаат со начинот на работа на судот, техничките услови и опремата за аудио-визуелно снимање во судниците, како и да разговараат со судските службеници и судиите за сите прашања поврзани со кривичната и прекршочната материја. Посетата е дел од програмата за изучување на Државното уредување како дел од предметот – Општество.
Кривичниот суд и во иднина останува отворен за соработка со сите основни и средни училишта, како и универзитети, невладини орагнизации и граѓански здруженија за посета на судот и следење на судските процеси.
Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.