ЗА СУДИИТЕ
За судиите
Именик на судии
За решавање на предметите од надлежност на Основниот кривичен суд Скопје ангажирани се 59 судии и тоа:
Претседател
CV на Претседател
Судија Даниела Димовска
Образование:
2018 година – Докторанд на Правен факултет „Јустинијан Први“- Скопје;
2015 година- Положен завршен испит на Академија за судии и јавни обвинители;
2012 година - Магистрирано на отсекот деловно право на Правниот факултет„Јустинијан Први“- Скопје;
2012 година – Положен нотарски испит;
2011 година - Положен правосуден испит;
2007 година- Дипломирано на Правниот факултет „Јустинијан Први“- Скопје
Работно искуство:
- Септември 2016 годена е избрана за судија при Основниот кривичен суд Скопје како судија на Претходна постапка во одделот Кривично полнолетни каде сеуште постапува;
- Од 2013 до 2015 година посетува Академија за судии и јавни обвинители;
- Во 2010 година е избрана за член на Комисијата за заштита од дискриминација;
- Од 2006 до 2010 година ангажирана е како демонстратор по предметот трудово право на Правниот факултет „Јустинијан Први“- Скопје;
- Од 2007 до 2013 година вработена во Собрание на Република Македонија;
- Од 2005 до 2007 година, преку проект на НДИ Институт ангажирана е како практикант во Собранието на Република Македонија
Објавени трудови и активности:
Првенец на генерацијата 2003-2007 година на Правниот факултет Јустинијан Први“- Скопје;
Добитник на наградата „Франг Манинг“ за најдобар студент на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ за академската 2005/2006 година.
Во 2017 година завршила обука „Вовед во германското право“ организирана од Германската фондација за меѓународна соработка ИРЗ.
Коавтор на Прирачникот за спроведување на мерките за следење на комуникациите издаден во декември 2019 година во соработка на Академијата за судии и јавни обвинители и DCAF Женева.
Странски јазици:
Англиски
Судиите
Судија Александра Адеми
Судија Александра Адеми

Судија Ана Давчевски
Судија Ана Давчевски

Судија Ахмед Идризи
Судија Ахмед Идризи

Судија Берниса Рахиќ
Судија Берниса Рахиќ

Образование:
05.12.2014 година (додипломски студии) Правен факултет „Јустинијан Први“ Скопје - УКИМ
14.06.2016 година (последипломски студии) Правен факултет „Јустинијан Први“ Скопје - УКИМ
Датум на правосуден испит – 06.11.2017 година
Работно искуство:
2015 г. – 2016 г. – Волонтер во Основен граѓански суд Скопје
2016 г. – 2020 г. – Стручен јавнообвинителски соработник во Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите
2020 г. – 2022 г. – Стручен јавнообвинителски соработник во Основно јавно обвинителство Скопје
16.05.2022 г. – Слушател на почетна обука за судии и јавни обвинители во Академија за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Скопје (кандидат за судија/јавен обвинител)
Судија Билјана Коцевска
Судија Билјана Коцевска

Судија Билјана Смаќовска
Судија Билјана Смаќовска

Судија Билјана Тодоровска
Судија Билјана Тодоровска

Образование:
03.07.2013 година – (додипломски студии) – Правен факултет "Јустинијан Први" Скопје – УКИМ
14.07.2015 година – (последипломски студии) - Правен факултет "Јустинијан Први" Скопје – УКИМ
12.01.2017 година – Положен правосуден испит
Работно искуство:
16.05.2022 – 01.06.2025 – Слушател на почетна обука за судии и јавни обвинители во Академијата за судии и јавни обвинители "Павел Шатев" – Скопје (кандидат за судија/јавен обвинител)
30.12.2019 – 15.05.2022 година – Виш управен Суд - судски стручен соработник
17.05.2018 – 17.08.2019 година – Адвокатски стручен соработник
06.10.2015 – 27.01.2017 година – Правник во приватна фирма
Судија Билјана Шуплиновска Јовевски
Судија Билјана Шуплиновска Јовевски

Образование:
- Дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (2010)
- Положила правосуден испит (2013)
- Магистрирала правни науки од областа на казненото право (2018)
- Положила завршен испит на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ (2025)
Работно искуство:
- Од 2011 до 2022 година работела како стручен судски соработник во Основниот кривичен суд Скопје, во Кривичниот оддел – полнолетни, Оддел за извршување на санкции и Специјализираното судско одделение за организиран криминал и корупција
- Од 2022 до 2025 година била слушател на почетна обука во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, а во 2025 година по положување на завршниот испит – кандидат за судија/јавен обвинител
- Во 2025 година е избрана за судија на Основниот кривичен суд Скопје
Објавени трудови и активности:
Судијата активно учествувала на голем број стручни обуки и меѓународни програми, организирани од Академијата за судии и јавни обвинители, Советот на Европа (HELP курсеви), ОБСЕ и други организации. Обуките се однесуваат на области како човекови права, правда за деца, семејно право, антидискриминација, судска контрола на посебни истражни мерки, етика, криминал од омраза и извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права.
Странски јазици:
англиски јазик
Судија Бранка Наумоска
Судија Бранка Наумоска

Судија Васил Динковски
Судија Васил Динковски

Образование:
Правен факултет дипломирал во Скопје во 1989 год.
Работно искуство:
На 16.11.1992 год. се вработува во Основниот Суд Скопје 1 прво како стручен припрвавник каде во 1994 год. станува стучен соработник. Во 2003 год. станува соработник-стручен соработник и со ова звање останува се до избор на судија на 12.07.2012 год.