ИНТЕРЕН ОГЛАС ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ – 2/22 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

News

%%
%%

ИНТЕРЕН ОГЛАС ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ – 2/22

News  |  Dec 21, 2022

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА                                                                              REPUBLIKA E MAQEDONISË SË VERIUT

ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ                                                                                GJYKATA THEMELORE CIVILE SHKUP

СУ- 04-224/22                                                                                                                         Agj- 04-224/22

20.12.2022 година                                                                                                                 viti 20.12.2022

СКОПЈЕ                                                                                                                                 SHKUP

 

 

 

Врз основа на чл. 20 ст.1 алинеја 2, чл.39 и чл.40 од Законот за судска служба („Сл. весник на РМ“ бр. 43/14, 33/15,98/15,06/16,198/18,248/18 и „Сл. Весник на РСМ“ бр. 235/22), чл. 5, 16, 19, 21 и 29 од Правилникот за систематизација на работните места во судот и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката за селекција, во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас (Сл. Весник на РСМ“ бр. 275/20)

 

ОСНОВНИОТ ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ

објавува

ИНТЕРЕН ОГЛАС ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ – 2/22

НА СУДСКИ СЛУЖБЕНИЦИ НА СЛЕДНИВЕ РАБОТНИ МЕСТА

 

 

1. Судски советник-категорија В, ниво В-1, шифра СУД 0101В01002 -6 (шест) извршители;

 

Посебни услови

 

Стручни квалификации: стекнати 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 правен факултет и положен правосуден испит.

 

Работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката.

 

Посебни работни компетенции: активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски) и активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

 

Дневно работно време 8 часа од 07:30 до 15:30 часот, дневна пауза од 11:00 до 11:30 часот;неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок; основна нето плата 31.205,00 денари.

 

 

2. Виш судски соработник – категорија В, ниво В-2, шифра СУД0101В02001 -3 ( три) извршители

 

Посебни услови

 

Стручни квалификации: Најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен правен факултет и положен правосуден испит

 

Работно искуство: Најмалку две години работно искуство во струката

 

Посебни работни компетенции: Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, како и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)

 

Дневно работно време 8 часа од 07:30 до 15:30 часот, дневна пауза од 11:00 до 11:30 часот;неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок; основна нето плата 30.519,00 денари.

 

    1. 3. Судски соработник – категорија В, ниво В-3 , шифра СУД0101В03001 – 3 (три) извршители

 

Посебни услови:

Стручни квалификации: Најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 правен факултет и положен правосуден испит

 

Работно искуство: најмалку една година работно искуство во струката.

 

Посебни работни компетенции: Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, како и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија(англиски, француски или германски)

 

Дневно работно време 8 часа од 07:30 до 15:30 часот, дневна пауза од 11:00 до 11:30 часот;неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок; основна нето плата 29.438,00 денари.

 

    1. 4. Самостоен судски референт – категорија Г, ниво Г-1 , шифра СУД0101Г01001 – 3 (три) извршители

 

Посебни услови:

Стручни квалификации: Најмалку више или средно образование

 

Работно искуство: Најмалку три години работно искуство во струката

 

Посебни работни компетенции: Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, како и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија(англиски, француски или германски)

 

Дневно работно време 8 часа од 07:30 до 15:30 часот, дневна пауза од 11:00 до 11:30 часот;неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок; основна нето плата 21.944,00 денари.

 

 

 

На интерниот оглас може да се пријават судски службеници вработени во Основниот граѓански суд Скопје кои ги исполнуваат посебните услови за работното место за кое се пријавуваат на интерниот оглас, како и условите предвидени со чл. 39 од Законот за судска служба, и тоа:

 

  • да е оценет со оцена „особено се истакнува“ или „се истакнува“ при последното оценување;

  • да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на иста категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас;

  • да поминал најмалку две години на работното место на кое е распореден и

  • да не му е изречена дициплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

 

Пополнетата пријава со докази за исполнување на посебните услови за работното место (уверение за завршено соодветно образование, доказ за работно искуство, сертификат или диплома за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски) и сертификат или диплома за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, сите во оригинал или копија заверена на нотар) се поднесува преку приемната писарница на судот до Комисијата за селекција за унапредување.

 

Кон пријавата, кандидатите можат да ги приложат и доказите предвидени со чл. 40 ст.4 од Законот за судска служба.

 

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.

 

НАПОМЕНА: Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.

 

Пријавите може да се најдат на веб страната на судот или во приемната писарница.

 

Рокот за поднесување на пријавите изнесува 9 (девет) дена од денот на објавувањето на огласот.

 

ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ

 

 

Пријава за унапредување

   


Decision search

Court
Case number
Date
_