Ј А В Е Н О Г Л А С [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Ј А В Е Н О Г Л А С

Новости  |  31.3.2021

 

Република Северна Македонија
ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ
СУ-04-57/21
29.03.2021 година
С к о п ј е

Republika e Maqedonisë së Veriut
GJYKATA THEMELORE CIVILE SHKUP
AGJ-04-57/21
viti 29.03.2021
Sh k u p

 

Врз основа на член 42, 43 и 49 од Законот за судовите („Службен весник на Република Македонија“ број 58/2006,35/2008, 150/10, 83/18, 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 96/19), како и член 53 од Законот за судскиот совет на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 102/19)

 

ОСНОВНИОТ ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ

објавува

Ј А В Е Н  О Г Л А С

 

Основниот граѓански суд Скопје ќе му предложи на Судскиот совет на Република Северна Македонија кандидати за избор на 6 судии-поротници за време од 4 години.

Кандидатот за судија-поротник треба да ги исполнува условите предвидени со чл.42 од Законот за судовите, и тоа: да е полнолетен; да е државјанин на Република Северна Македонија;да има завршено најмалку средно образование; активно да го владее македонскиот јазик;да ужива углед за вршење на оваа функција;да не е постар од 60 години.

За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во Основниот граѓански суд Скопје е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

За судија - поротник не може да биде избрано лице кое со член на Судскиот совет на Република Северна Македонија е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

Кон пријавата задолжително се приложуваат докази за исполнување на наведените услови, во оригинал или во форма на копии заверени на нотар, и тоа:- уверение за државјанство на Република Северна Македонија; уверение за завршен соодветен степен на образование; уверение за неосудуваност (од казнена евиденција) и изјава (заверена на нотар) дека кандидатот со судија или судија-поротник во Основниот граѓански суд Скопје и со член на Судскиот совет на Република Северна Македонија не е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

Рокот за пријавување на лицата на јавниот оглас е петнаесет (15) дена сметано од денот на објавувањето на огласот во дневните весници.

Пријавите со прилог документација кандидатите ги поднесуваат во Основниот граѓански суд Скопје, на одделението за прием, секој работен ден или по пошта на следнава адреса: ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ бул. Гоце Делчев бр. 4, 1000 Скопје, со назнака „Јавен оглас за судии поротници“.

 

Основен граѓански суд Скопје

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_