С О О П Ш Т Е Н И Е [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

С О О П Ш Т Е Н И Е

Новости  |  15.4.2025
Во врска со одржаната прес конференција од страна на Независниот синдикат на полицијата на ден 15.04.2025 година, Основниот граѓански суд Скопје го дава следното

 

 

            Во врска со одржаната прес конференција од страна на Независниот синдикат на полицијата на ден 15.04.2025 година, Основниот граѓански суд Скопје го дава следното

 

СООПШТЕНИЕ

 

            Од страна на Минстерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија до Основниот граѓански суд Скопје на ден 03.04.2025 година беше доставена покана за  организирање и учество на работен состанок со претставници од Министерството за внатрешни работи, Основен граѓански суд Скопје, Апелационен суд Скопје, Државно правобранителство на РСМ и Државнатга комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен. Работната средба беше со единствена тема „Предизвици и отворени прашања во врска со роковите за носење на решенија во дисциплинските постапки“.

            Работната средба се одржа на ден 09.04.2025 година во просториите на МВР на РСМ со учество на сите поканети претставници.

            Ја информираме јавноста дека на таа средба не беа изнесени заклучоци, ставови или правни мислења од страна на преставниците на Основниот Граѓански суд Скопје во врска со постапките заведени пред Основниот граѓански суд Скопје по повод поднесени тужби од вработени службеници во МВР на РСМ заради побарување произлезено од разлика на плата до минимална плата.

            Во Основниот Граѓански суд Скопје до денот на ова соопштение не е донесена правосилна пресуда по тужба и тужбени барања во врска со побарување произлезено од минимална плата.

            Јавноста, а посебно засегнатите полициски службеници треба да бидат запознаени со фактот дека Основниот граѓански суд Скопје постапува и одлучува согласно Устав, Закон и подзаконски акти, како и согласно Колективните договори, при што посебно потенцира дека Судот во своето постапување и одлучување не се координира со МВР на РСМ, ниту пак со било кој друг државен орган, како што е кажано од страна на Независниот синдикат на полицијата. Исто така судот до овој момент нема воспоставено поинаква судска пракса на штета на полициските службеници, бидејќи се уште не е донесена правосилна судска пресуда по однос на прашањето кое беше тема на прес конференцијата.

            Основниот граѓански суд Скопје по однос на истакнатите мислења на прес конференцијата во врска со истакнато мислење за „политичко умилкување“, целосно ги отфрла истите како невистинити и дадени единствено со цел да се деградира работата на овој суд, кое нешто остро го демантираме.

 

            Со почит,

 

 

                                                                                    Основен граѓански суд Скопје

 

 

 

                                                           

 

           

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_