ЈАВЕН ПОВИК
Вести
- Почетна
- >
- Вести
ЈАВЕН ПОВИК
ЈАВЕН ПОВИК
Основниот граѓански суд Скопје објавува повик за сите заинтересирани правни лица, регистрирани и овластени за поставување и одржување на самопродавачки (вендинг) машини за кафе (кафемати) и самопродавачки (вендинг) машини за храна и пијалоци во период од една година. Понудените продукти потребно е да бидат од регистрирани брендови, со декларација од производителот, во потполно исправна состојба и со важечки рок на употреба. Избраниот понудувач ќе биде должен да врши дотур на продукти најмалку 3 пати во неделата заради непречено функциониртање, редовно сервисиранње и одржување на апаратите како и секојдневно хигиенско одржување.
Сите заинтересирани можат да достават писмена пријава со понуда по пошта или во архивата на судот секој работен ден од 09:00 со 13:00 часот. Понудата треба да биде јасна, разбирлива со прецизно наведени услуги кои ги нуди понудувачот како и надоместок за поставените самопродавачки (вендинг) машини за кафе (кафемати) и самопродавачки (вендинг) машини за храна и пијалоци.
Краен рок за доставуање на понудите е 02.04.2025 година.
Понудите кои нема да се достават во предвидениот рок нема да се земат во предвид за разгледување.