С О О П Ш Т Е Н И Е
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
С О О П Ш Т Е Н И Е
Огласено на огласна табла на 14.04.2021 година
ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ
- Одделение за трговски спорови,
стечај и ликвидација -
61 ПЛ1-ТС-1102/19
14.04.2021 година
С к о п ј е
С О О П Ш Т Е Н И Е
Во спорот заведен од тужителот Друштво за трговија и услуги КАР-Х АУТО ДООЕЛ СКОПЈЕ, против тужениот Друштво за производство, трговија и услуги ФЛИТ КОНСАЛТИНГ извоз-увоз ДООЕЛ Скопје, за долг, вредност на спорот 37.740,00 денари, во текот на постапката тужениот Друштво за производство, трговија и услуги ФЛИТ КОНСАЛТИНГ извоз-увоз ДООЕЛ Скопје со адреса ул.Алберт Ајнштајн бр. 4/1-1 Скопје не го извести судот за промена на адресата на седиштето, во смисла на чл.140 од Законот за парничната постапка.
Поради тоа, судот во смисла на чл.128 ст.2 од Законот за парничната постапка (Сл.весник на РМ бр.79/05 и 110/08), одреди доставувањето да се врши со објава на писменото на огласна табла на судот.
Со ова соопштение се објавува на огласна табла покана за рочиште за главна расправа и докази од тужител. По истекот на рок од 8 дена од денот на објавувањето на огласна табла ќе се смета дека доставата е уредно извршена.
Одговорен работник,