С О О П Ш Т Е Н И Е
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
С О О П Ш Т Е Н И Е
Огласено на огласна табла на 25.11.2024 година
ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ
- Одделение за трговски спорови -
55МАЛВТС-204/24
25.11.2024 година
С к о п ј е
С О О П Ш Т Е Н И Е
Во спорот заведен од тужителот Агенција за Вработување на Република Северна Македонија- Скопјеп ротив тужениот Друштво за превоз на патници, трговија и услуги ТАКСИ ГЛОБАЛ ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци Ерџан Фазлиов во текот на постапката, странката Друштво за превоз на патници, трговија и услуги ТАКСИ ГЛОБАЛ ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци Ерџан Фазлиов не го извести судот за промена на адресата на седиштето, во смисла на чл.140 од Законот за парничната постапка.
Поради тоа, судот во смисла на чл.125, чл.129 и чл.140 од Законот за парничната постапка (Сл.весник на РМ бр.79/05 и 110/08), одреди доставувањето да се врши со објава на писменото на огласна табла на судот.
Со ова соопштение се објавува на огласна табла Пресуда од 07.10.2024 год, и Жалба од 24.10.2024год. По истекот на рок од 8 дена од денот на објавувањето на огласна табла ќе се смета дека доставата е уредно извршена.
Одговорен работник,