ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЈАВНОСТА
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЈАВНОСТА
25.10.2021 г.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЈАВНОСТА
Ве известуваме дека по повод 25-ти Октомври, Европскиот ден на правдата, Основниот граѓански суд Скопје го одбележа овој ден во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев Скопје со организирање на симулирано судење во кое учествуваа кандидатите на почетна обука од VII-та генерација кои ја спроведуваат практичната настава како дел од нивната обука во Академијата за судии и јавни обвинители во Основниот граѓански суд Скопје.
Симулираното судење се одржа на 25.10.2021 година во судница бр.14 на трети кат во Основен граѓански суд Скопје со почеток во 12.00 часот и на истото, помеѓу другите присуствуваа директорката на Академијата за судии и јавни обвинители проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, како и судии од Основниот граѓански суд Скопје, ментори и координатори на кандидатите.
На ваков начин имајќи ја предвид состојбата поврзана со вирусот Ковид-19, Основниот граѓански суд Скопје и Академијата за судии и јавни обвинители со организирање на овој заеднички настан го одбележаа Европскиот ден на правдата.