ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ - 1/19
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ - 1/19
Врз основа на член 23 од Законот за работните односи, член 18 став 1 алинеја 2 и став 6, чл.11 и чл.12 од Законот за судска служба („Службен весник на Република Македонија“ број 43/14, 33/15, 98/15, 6/16, 198/18 и 248/18), како и член 17, член 21, член 25, член 26, член 44, член 46, член 54 и член 55 од Правилникот за систематизација на работните места во Основниот суд Скопје II - Скопје,
ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ II - СКОПЈЕ
објавува
ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ - 1/19
на дваесет и пет (25) лица на определено време за следниве работни места:
- Советник-информатичар - категорија В1, 3 (три) извршител/и;
Посебни услови
Стручни квалификации: 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен факултет од областа на информатиката или друг факултет од соодветна област.
Работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката.
Посебни работни компетенции: активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски) и активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење кои се докажуваат со приложување на доказ (диплома, сертификат, уверение).
Дневно работно време 8 часа од 07:30 до 15:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок; основна нето плата 27.237,00 денари.
Времетраење на работниот однос: определено до 31.12.2019 година.
- Судски соработник - категорија В3, 6 (шест) извршител/и;
Посебни услови
Стручни квалификации: најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 правен факултет и положен правосуден испит.
Работно искуство: најмалку една година работно искуство во струката.
Посебни работни компетенции: активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски) и активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење кои се докажуваат со приложување на доказ (диплома, сертификат, уверение).
Дневно работно време 8 часа од 07:30 до 15:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок; основна нето плата 24.461,00 денари.
Времетраење на работниот однос: определено до 31.12.2019 година.
- Помлад судски соработник - категорија В4, 6 (шест) извршител/и;
Посебни услови
Стручни квалификации: стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен правен факултет.
Работно искуство: со или без работно искуство во струката.
Посебни работни компетенции: активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски) и активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење кои се докажуваат со приложување на доказ (диплома, сертификат, уверение).
Дневно работно време 8 часа од 07:30 до 15:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок; основна нето плата 23.098,00 денари.
Времетраење на работниот однос: определено до 31.12.2019 година.
- Помлад соработник - преведувач - категорија В4, 1 (еден) извршител/и;
Посебни услови
Стручни квалификации: стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен.
Работно искуство: со или без работно искуство во струката.
Посебни работни компетенции: активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски) и активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење кои се докажуваат со приложување на доказ (диплома, сертификат, уверение).
Дневно работно време 8 часа од 07:30 до 15:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок; основна нето плата 23.098,00 денари.
Времетраење на работниот однос: определено до 31.12.2019 година.
- Помлад судски референт - извршител во писарница - категорија Г4, 1 (еден) извршител/и;
Посебни услови
Стручни квалификации: најмалку више или средно образование.
Работно искуство: со или без работно искуство во струката.
Посебни работни компетенции: активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски) и активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење кои се докажуваат со приложување на доказ (диплома, сертификат, уверение).
Дневно работно време 8 часа од 07:30 до 15:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок; основна нето плата 15.228,00 денари.
Времетраење на работниот однос: определено до 31.12.2019 година.
- Помлад судски референт - записничар - категорија Г4, 5 (пет) извршител/и;
Посебни услови
Стручни квалификации: најмалку више или средно образование.
Работно искуство: со или без работно искуство во струката.
Посебни работни компетенции: активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски) и активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење кои се докажуваат со приложување на доказ (диплома, сертификат, уверение).
Дневно работно време 8 часа од 07:30 до 15:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок; основна нето плата 15.228,00 денари.
Времетраење на работниот однос: определено до 31.12.2019 година.
- Одржувач на хигиена 2 (два) извршител/и;
Посебни услови
Стручни квалификации: средно или основно образование.
Работно искуство: со или без работно искуство
Дневно работно време 8 часа од 07:30 до 15:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок; основна нето плата 12.001,00 денари.
Времетраење на работниот однос: определено до 31.12.2019 година.
- Возач 1 (еден) извршител/и;
Посебни услови
Стручни квалификации:
- најмалку средно образование;
- да поседува возачка дозвола „Б“ категорија подолго од една година.
Работно искуство: со или без работно искуство.
Дневно работно време 8 часа од 07:30 до 15:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок; основна нето плата 14.933,00 денари.
Времетраење на работниот однос: определено до 31.12.2019 година.
Покрај наведените посебни услови, предвидени во Законот за судска служба и Правилникот за систематизација на работните места, кандидатот треба да ги исполнува и следниве општи услови кои се предвидени во член 21 став 1 од Законот за судска служба:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Кандидатите се должни да поднесат молба за вработување и докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место во оригинал или копија заверена на нотар.
Молбата, покрај доказите, задолжително треба да содржи: име и презиме на кандидатот поткрепени со доказ за лична идентификација, живеалиште, односно престојувалиште на кандидатот, е-меил адреса и контакт телефон.
Рокот за поднесување на молбите изнесува пет (5) работни дена од денот на објавувањето на огласот.
Пополнетите молби и доказите кандидатите се должни да ги достават во Основниот суд Скопје II - Скопје, на одделението за прием, секој работен ден или по пошта на следнава адреса: ОСНОВЕН СУД СКОПЈЕ II - СКОПЈЕ бул. Гоце Делчев бр. 4, 1000 Скопје (со назнака за Јавен оглас за вработување - 1/19).
Ненавремените, нецелосно пополнети, неуредни и некомплетни молби нема да се разгледуваат.
Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок определен во член 23 став 2 од Законот за работните односи.
ОСНОВЕН СУД СКОПЈЕ II - СКОПЈЕ